Македонија
Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество
																								
												
												
											Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци, која е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, организирана од страна на СОС „Детското село“, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, центрите за поддршка на згрижувачките семејства, центрите за социјална работа и локалната власт.
Тренчевска ги истакна важноста и приоритетот на Владата и на Министерството за труд и социјална политика кога станува збор за унапредувањето на детската заштита.
Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, која почна на почетокот на јуни, има цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството“, рече Тренчевска.
Таа истакна дека кампањите се еден од најефикасните начини да се допре до сите фактори во државата, со цел да се информираат и поттикнат потенцијалните згрижувачи и да се обезбеди топол дом за децата на кои тоа им недостига.
Ги повика граѓаните, кои ги исполнуваат условите за згрижувачко семејство, да се пријават и да овозможат двојна среќа и топол дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

