Црна хроника
Товарен воз прегази мигранти што лежеле на пругата кај Миравци
Воз прегази двајца мигранти на пругата меѓу железничката станица „Миравци“ и железничката станица „Клисура“.
Според информациите, несреќата се случила ноќеска по 2 часот по полноќ, а мигрантите лежеле на пругата кога возот ги прегазил. Тие од добиените повреди починале на самото место на несреќата.
Товарниот воз сообраќал на релација железничка станица Гевгелија – „Товарна Трубарево“.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од жена
Во Куманово е приведен 37-годишен маж кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг.
Вчера во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Син ја тепал 60-годишната мајка
Пред два дена во 23.00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60 – годишна мајка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Маж тепал жена во Скопје
Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од својот сопруг С.М. (31) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.