Македонија
Ковачевски: Предвремени избори не треба да има за заштита на националните интереси
Премиерот Димитар Ковачевски од собраниска седница порача дека граѓаните и државата имаат одговорна Влада, која се грижи за националните интереси, стратешките цели и за економските потреби на граѓаните.
„Предвремени парламентарни избори не треба да има. Ние во моментот имаме Влада што се грижи за националните интереси и за достоинството на сите граѓани, без разлика на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат. Така беше и во изминатиот период кога националните интереси, во согласност со одлуките и резолуциите донесени тука во Собранието, беа застапувани од страна на сите челнови на Владата, без разлика на тоа дали се Македонци, Албанци Турци или од која било друга национална припадност. И тоа се потврди мината недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши параметри во ЕУ и пошироко“, посочи Ковачевски.
Тој направи споредба со однесувањето на опозицијата, што го оцени како неодговорно.
„На конгресот на европските народни партии беше донесена резолуција во која се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на таа резолуција присуствуваше делегација на нависоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ. Никаде не видовме прес-конференција на спротивставување, тоа ќе остане запаметено“, рече премиерот Ковачевски.
Тој порача дека „лесно е некој да брани национални интереси тука дома, но кога треба да се бранат национални интереси пред 27 земји, тогаш на некого тоа му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што јас, претседателот на државата, коалициските партнери и граѓаните на државата тоа го направивме, без разлика на својата припадност – се борат за својот национален, етнички и верски идентитет и континуитет. На еден секогаш му припаѓа честа тоа да го брани и пред други, овој пат тоа мене ми припадна како чест и се гордеам што сите заедно застанавме и го кажавме она што требаше да го кажеме не навредувајќи никого, ниту дома ниту надвор“, дополни Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата.


„Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до правдата. Колку ќе трае судењето, дали ќе бидат пет месеци или пет години никој не може да знае“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Најави транспарентност за време на судењето, а оштетените ги замоли на судењата да се договорат да испраќаат по еден член кој подоцна ќе им ги пренесува информациите оти и најголемата судница во земјава се покажа тесна.


Судијката повика на дисциплина на судењата и нагласи дека секој што нема да ги почитува „правилата на игра“ ќе биде опоменат, а втора опомена ќе значи исфрлање од судница или парична казна.
За заштита од непотребни одлагања, судијката рече дека судот дополнително ќе ги проверува сите лекарски белешки.
Судењето почна утрово, но повеќе од еден час трае евиденција на присутните.
Ова е најголемо судење во земјава со обвинети 35 физички и три правни лица, 15 обвинители, а многумина од обвинетите имаат и по двајца адвокати.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.

