Црна хроника
Млади скопјани со електрошок украле чанта, со платежната картичка во неа „пазареле“ на бензинска

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.
Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Вчера на територијата на цела држава констатирани 807 сообраќајни прекршоци

Како резултат на вчерашните сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 – на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.
Инаку, вчера во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Надлежните полициски организациони единици ќе продолжат со планските засилени сообраќајни контроли, а МВР уште еднаш, во пресрет на претстојниот викенд, апелира до граѓаните учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на личната и на општата безбедност на патиштата низ земјава.
Црна хроника
Уапсена 36-годишна прилепчанка: била затекната при кражба во куќа

Денеска во 05.15 часот на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 36-годишната Е.У. од Прилеп.
Таа била затекната при вршење на кражба во куќа.
По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава.