Црна хроника
Пронајден застрелан старец во стан во Прилеп

Седумдесет и осумгодишен старец денеска е пронајден мртов во стан во прилепската населба Точила, со две прострелни рани
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, станува збор за Трајче С. од Прилеп.Веднаш по приемот на пријавата, увидната екипа, заедно со дежурен Истражен судија и Заменик јавен обвинител излезе на лице место при што е констатирано дека на телото на Трајче, кое било легнато на подот, има две прострелни рани во пределот на главата и градниот кош. На подот во собата се пронајдени две чаури со калибар 7,62мм, кои се предадени на натамошно вештачење, а по наредба на истражниот судија телото на убиениот е предадено на обдукција.Полицијата има осомничен за убиството, но тој е во бегство и по него се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Б. од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот 65-годишниот З.Ш. од село Добридол.
По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..
Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.
Црна хроника
Полицијата го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници, напаѓачите уапсени

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници.
На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска” го лишија од слобода Д.Д.(23) од с.Радиовце, а исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници.
Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште.
Имено, според пријавеното од нивните родители Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата биле навивачи на тетовски фудбалски клуб.
По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.