Свет
Премиерот на Израел се повлекува од политиката

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, најави дека нема да се кандидира на претстојните петти избори за помалку од четири години, со што земјата се најде во длабока политичка несигурност додека растат трошоците за живот.
Бенет рече дека ќе ја задржи својата позиција како ротациски премиер откога неговиот коалициски партнер Јаит Лапид го презема водството на техничката влада.
„Зад себе оставам успешна, силна и сигурна земја. Оваа година докажавме дека иако луѓето не се со исти мислења може да соработуваат“, им рече Бенет на новинарите реферирајќи за својата идеолошка коалиција.
Израелскиот премиер минатата недела го распушти парламентот, а конечното гласање за распуштањето на Кнесетот е одложено поради големиот број вложени амандмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Блиска сојузничка на Орбан ги плаши Унгарците со влезот на Украина во ЕУ: објави снимка од маж врзан во багажник

Унгарската опозиција го осуди видеото објавено од Александра Сенткираљи, блиска сојузничка на премиерот Виктор Орбан.
Сенткираљи објави видео на Фејсбук на кое се гледа маж врзан во багажникот на автомобил, додека Сенткираљи зборува за наводното зголемување на заканите поврзани со трговија со луѓе, шверц со дрога и трговија со органи доколку Украина се приклучи на Европската Унија.
Подоцна се дозна дека човекот на видеото е вработен во Канцеларијата на унгарскиот премиер.
Until yesterday, Fidesz Party had only one well-known female politician. But no longer.
Alexandra Szentkirályi was someone you could either like or dislike. You could agree with her or criticize her.
One thing is certain: as of today, Alexandra Szentkirályi has no place in… pic.twitter.com/MeA99i3QyD— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeter102) June 14, 2025
Ференц Геленчер, пратеник од опозицијата од партијата Моментум, изрази негодување поради видеото и најави дека ќе поднесе полициска пријава против Сенткираљи. Тој тврди дека лагите што би можеле да го загрозат јавниот ред, да шират опасни гласини или да сугерираат закани за јавната безбедност се кривични дела.
„Како некој може да биде толку глупав за вака да напаѓа земја каде што живеат и Унгарци?“, рече Геленчер, повикувајќи ја Сенткираљи да го избрише видеото.
Сенткираљи беше портпаролка на Орбан од 2020 до 2024 година. Минатата година таа објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Будимпешта како претставник на владејачката партија, но подоцна ја повлече својата кандидатура во корист на друг технички кандидат поддржан од Орбан.
Орбан неодамна повтори дека Украина не треба да биде примена во Европската Унија, тврдејќи дека земјата е домаќин на „измамници“ кои ги лажат Унгарците и заработуваат пари, наводно дејствувајќи од украинска територија. „Украина е опасна земја“, нагласи Орбан.
Свет
Русија: Подготвени сме да посредуваме меѓу Израел и Иран

Русија сè уште е подготвена да дејствува како посредник во конфликтот меѓу Израел и Иран, а претходните предлози на Москва за складирање на ирански ураниум во Русија остануваат на маса, објави денес Кремљ.
„Претходните предлози на Русија за решение на конфликтот се сè уште на маса, но меѓусебните напади меѓу двете земји ја комплицираа ситуацијата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Пред повеќе од три години, Русија започна целосна инвазија на Украина и ги отфрла сите предлози за прекин на огнот, и украински и американски.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во интервју за ABC News изјави дека е отворен за можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран.
Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја отфрли таквата идеја.
„Не верувам дека Русија, која моментално е вклучена во конфликт со висок интензитет и со години ја игнорира Повелбата на ОН, може да биде посредник“, рече Макрон.
Кина, исто така, упати повик за дипломатија. Таа ги повика Израел и Иран да преземат итни мерки за смирување на тензиите по израелските напади на иранска територија и одговорот на Техеран со испукување ракети во израелски области.
„Ги повикуваме сите страни да преземат итни мерки за смирување на тензиите што е можно побрзо, да спречат понатамошна нестабилност во регионот и да создадат услови за враќање на дијалогот и преговорите за решавање на нивните разлики“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.
Свет
Израелски министер утрово им се закани на граѓаните на Техеран, сега вели: Не мислев така

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денес околу 11:30 часот дека „Израел нема намера физички да им наштети на жителите на Техеран“. Ова е обид да се ублажат заканите што беа упатени утрово и вчера до жителите на иранската престолнина, објави Ројтерс.
„Сакам да разјаснам очигледното: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран, како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече министерот Кац во соопштението.
Сепак, тој додаде дека „народот на Техеран ќе мора да ја плати цената на диктатурата и да ги евакуира областите каде што ќе биде потребно да се извршат напади врз режимски цели и безбедносна инфраструктура во Техеран“.
Што рече тој утрово, а што вчера?
Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако Кац јавно изјави дека „народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, нарекувајќи го иранскиот врховен лидер „кукавички убиец“ кој напаѓа израелски цивили за да ги спречи акциите на ИДФ.
Еден ден претходно, тој отиде чекор понатаму, велејќи: „Ако Хамнеи продолжи да испукува ракети врз израелски цивили – Техеран ќе гори“.