Свет
Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментно контролирано од руските сили.
„По неколку месеци неактивност, првиот трговски брод го напушти трговското пристаниште Бердјанск“, изјави шефот на воено-граѓанската управа на регионот Запорожје, Евгениј Балицки.
„Седум илјади тони жито отидоа во пријателските земји“, напиша тој на својот канал на „Телеграм“.
Балицки прецизира дека бродовите на Црноморската флота ја обезбедуваат безбедноста на товарниот брод. Според него, Бердјанскиот Залив и самото пристаниште се целосно безбедни, а пристанишните работници и опремата се подготвени за истоварање.
Областа на пристаништето беше исчистена од инженерски единици на поморската база Новоросијск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.
Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник, Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.