Контакт

Економија

Владата: Со новото праведно тарифирање оние што трошат помалку плаќаат помалку струја

Објавено пред

Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули почнува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата. Тоа значи еден вид праведен данок – оние што трошат помалку, ќе плаќаат помалку за разлика од оние што трошат повеќе, ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени фактори во енергетскиот сектор, соопшти Владата.

dobivaj vesti na viber

„За 98,8 проценти од домаќинствата, просечната цена на струјата ќе се зголеми 7,4 проценти. Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена 17,74 проценти. Евтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок-тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите.

И во изминатиот период поддршката на Вадата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават-час за универзалниот снабдувач за 100 % задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи 145 %, а тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво.

Доколку ЕСМ ги обезбедуваше законските 60 % електрична енергија, другите 40 % на слободен пазар, како и загубите на енергетските компании да се на слободен пазар, тогаш цената ќе се зголемеше 153 %. Но, ЕСМ, поради сложената енергетска состојба со која се соочува цела Европа, обезбеди 100 % струја за домаќинствата. Таа е субвенционирана и е наменета за граѓаните со цел да се заштити стандардот. Државната политика е поставена да се грижи за граѓаните, а не за профит во време на енергетска криза. Наместо ЕСМ да го продава овој вишок електрична енергија и да книжи профит, ќе биде насочен кон домаќинствата. Ангажирани се сите енергетски капацитети на максимум. Владата и институциите во услови на светска енергетска криза ја нагласуваат неопходноста од рационално користење електрична енергија и штедење. Мерките на Владата за граѓаните во услови на најголема криза продолжуваат“, се вели во владиното соопштение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Објавено пред

Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа.

dobivaj vesti na viber

Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво. Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните.

Континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем.

Посветеноста на Електродистрибуција во создавањето на модерна и ефикасна дистрибутивна мрежа е од посебна важност. Со тоа се овозможува сигурно и непречено снабдување на корисниците и е темел за идниот економски развој на земјата.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Гасна интерконекција со Србија и борба со енергетската сиромаштија – приоритет во соработката со Светска банка

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со вишиот специјалист за енергетика при Светска банка, Редон Беголи.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за тековната и идната соработка помеѓу Македонија и Светска банка во областа на енергетиката, со акцент на проекти кои ќе придонесат за зголемување на енергетската безбедност, ефикасност и одржливост.

Во октомври, на Годишното собрание на Светска банка во Вашингтон, државите ќе имаат можност да поднесуваат предлог-проекти за кои се бара финансиска и стратешка поддршка. Македонија ќе аплицира со неколку проекти, но како најзначаен се издвојува проектот за изградба на гасна интерконекција со Република Србија – инфраструктура од големо значење за регионалното поврзување и стабилноста на снабдувањето со енергенси.

Од Министерството посочуваат дека овој проект ќе овозможи диверзификација на изворите и правците на снабдување со природен гас, што е од суштинско значење за економската конкурентност и енергетската независност на земјата.

„Дополнително, Светска банка ќе биде непроценлив партнер и во финализирањето на методологијата за утврдување на енергетската сиромаштија, како и во подготовката на нови програми и политики за унапредување на енергетската ефикасност. Со овие активности ќе се создаде основа за поефикасно насочување на мерките кон најранливите категории граѓани и обезбедување праведна енергетска транзиција“, велат од Министерството.

Министерката Божиновска нагласи дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор и на зајакнувањето на партнерствата со меѓународните институции. „Со заеднички проекти и координирана поддршка, ќе ја унапредиме енергетската инфраструктура и ќе обезбедиме долгорочна сигурност и стабилност на енергетскиот систем во корист на граѓаните и економијата“, изјави министерката.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски-Казидакис: истакната одлучноста на двете влади за изградба на брзата пруга на Коридорот 10

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис.

dobivaj vesti na viber

Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти.

На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите.

Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот.

Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа.

На средбата се презентираа условите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји.

Соговорниците заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија5 часа

Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и’ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија6 часа

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија7 часа

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија10 часа

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија10 часа

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија11 часа

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа12 часа

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет12 часа

(Видео) Хутите лансираа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет12 часа

Трамп е убеден во тројна саботажа во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет12 часа

(Видео) Хонг Конг се закрепнува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...

Свет13 часа

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа не смее да бидат оставени во рацете на Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната...

Европа13 часа

(Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е вторпат оваа недела

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив е затворен неколку часа, соопшти данската...

Македонија23 часа

Филипче: Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН....

Македонија1 ден

Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Од таму...

Македонија1 ден

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе...

Македонија1 ден

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска...

Македонија1 ден

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска...