Македонија
Грковска – Која: Мисијата на ОБСЕ е голем поддржувач на реформските процеси за добро владеење

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговара за реформските процеси и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.
На состанокот вицепремиерката Грковска истакна дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата што ја добиваме при креирање на антикорупциските политики, интегритетот и доброто владеење.
Грковска ја потврди цврстата определба на Владата за посветеноста на реформскиот процес, при што нагласи дека Кабинетот интензивно работи на обуките за интегритет за избраните и именуваните функционери, како и на креирање антикорупциски политики, кои ќе бидат долгорочни и одржливи. Во таа насока информира и за процесот на подготовка на нов закон за потекло на имотот.
На средбата вицепремиерката истакна дека Северна Македонија се залага за време на претседавањето од ОБСЕ да се поткрене нивото на јавна дебата за доброто владеење, борбата со корупцијата и личниот интегритет како основи за стабилни и силни демократии.
Од страна на амбасадорот Клемент Која беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси.
На средбата стана збор и за соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и граѓанските организации, при што вицепремиерката Грковска информира дека еднаш во месецот Кабинетот има средба со невладините организации што работат на теми за антикорупција и добро владеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен иинспекторат“, велат од партијата Левица.
„Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за кардиохирурхија, без да обезбеди соодветна алтернатива кај приватните болници, кои инаку добиваат мегаломански суми од Фондот за здравство. Да се затвори болница која изведува операции на пациенти во животно-загрозувачка состојба и притоа да не се менаџира соодветна алтернативна, е ништо друго освен крајна неспособност и неодговорност, која заврши со изгубен живот на пациент.
Од однесувањето на Таравари може да се заклучи дека министерот или воопшто не е информиран што се случува на клиниките или свесно ги остава да тонат, со оглед на тоа што министерот не знаеше дека на клиниките нема ниту набавени стентови. Таравари, бегајќи од одговорност, не даде ниту одговор каде да се оперира пациент со истата дијагноза на пациентот кој почина на Клиниката за кардиохирургија.
И ова не е изолиран случај, туку целокупната работа на министерството за здравство е проследено со скандали, некомпетентни кадровски решенија и сомнителни тендери за провизии. Потсетуваме дека министерот Таравари минатата недела манипулираше дека има лекови за онколошките пациенти, за потоа самиот да биде демантиран од директорот на Фондот за здравство дека поради тендер, повторно доцнат лековите.
Ноншалатното однесување на Таравари, кој неколу дена избегнува да даде одговор зошто не било соодветно изменаџирано затворањето на салата на Клиниката за кариохирургија, не смее да помине без одговорност. Не смее власта на Мицкоски да го штити катастрофалното работење на Таравари заради мир во коалицијата, која чини изгубени животи на пациенти. Левица бара итна и неотповиклива оставка на министерот за здравство Таравари!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана.(Општина Сарај)
· Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од с.Долно Лисиче реон околу надвозникот.(Општина Аеродром)
· Oд 09:00 до 13:00 часот, Тутинска, Мара Јосифовска, Драчевска, Јанко Мишиќ, Бранко Заревски (општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 14:30 часот,дел од потрошувачит на ул.51 во с.Волково (општина Ѓорче Петров)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград (општина Студеничани и Зелениково)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Морани (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, депонија Дризла, Бато (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 14:30 часот, Булевар Патризански Одреди, зграда бр.129 (општина Центар)