Македонија
Тупанчески: Недонесувањето на измените на Законот за работните односите ќе доведе до сериозни импликации врз судскиот систем
Министерот за правда, Никола Тупанчески, смета дека недонесувањето на измените на Законот за работните односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем.
„Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работните односи, на 60-ина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот однос. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката, тогаш процесот почнува одново. Тоа е првата работа. Тука, се разбира, како Дамоклов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките што се во тек или што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог“ изјави Тупанчески.
Според министерот, инсуфициентноста на судиите и јавните обвинители е комплексна проблематика и затоа во опција имало три решенија.
Едниот предлог за решавање на актуелниот проблем бил да им се даде можност на лица што имаат одредено искуство во сферата на правосудството, како што се адвокатите, стручните соработници со пократка обука, да бидат дел или да бидат решение од овој проблем. Втората опција била да се зголеми бројот на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители како некој вид бајпас на актуелната состојба и третата опција е со измени на Законот за работните односи да им се продолжи работниот век на судиите и јавните обвинители за три години.
Првпат во историјата на државата се случува во еден ваков момент толку голем број судии и јавни обвинители да одат во пензија, рече Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на регионалниот форум на тема „Хашката конвенција 2019 – Очекувања за Западен Балкан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

