Македонија
Здружението на судската администрација: Денес судовите во Македонија ќе останат без поголем број судии
Зружението на судската администрација реагира дека денеска судовите во Македонија ќе останат без поголем број судии, а судиските места во блиска иднина нема да бидат пополнети. Од таму реагираат на односот на надлежните државни органи, кои во минута до дванаесет се обидувале да надминат проблем, кој, како што наведуваат, не е ниту нов ниту беше непредвидлив.
„Голем број судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареност, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолжат со оглед на намалениот број судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови што ќе останат и без судии доколку во нив не бидат привремено упатени судии од други судови.
Уште при јавната расправа по предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители, која се одржа на 4.10.2019 година, во Собранието во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Здружението на судската администрација истакна сериозна забелешка дека со предлог-законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите. Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години во сите судски оддели во судовите,“ се наведува во реакцијата.
Од Здружението додаваат дека апелирале оти овој дел од судската служба може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судски задачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во Македонија, но, како што велат, сите надлежни државни органи ги игнорирале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

