Спорт
Рамос барал помош за да ја добие „Златната топка“

Шпански „Ел Конфиденсијал“ уште еднаш открива приватни разговори меѓу фудбалери и водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Овој пат станува збор за разговор од 2019 година помеѓу тогашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, и првиот човек на ФС Шпанија, Луис Рубијалес.
Рамос имал директна и редовна комуникација со Рубијалес во текот на 2018 и 2019 година. Екскапитенот на Реал со сите сили ја посакувал „Златната топка“, а во неколку наврати побарал од претседателот на Рубијалес помош за да може да си ја исполни желбата.
Шпанскиот весник најави објавување на аудиоразговорот набргу, засега објави само делови од разговорот.
„Добровечер Руби, се надевам дека ти и твоето семејство сте добро. Знаеш дека никогаш не барам ништо, но ќе побарам денес затоа што мислам дека ако ги гледаме моите настапи, ова е посебна година“, му вели Рамос на Рубијалес, со барање да сврти неколку броеви, односно да ги искористи своите пријателства за да му помогне да ја освои „Затната топка“.
„Би ти бил благодарен до крајот на мојот живот“, вели поранешниот капитен на Реал.
Рубијалес наводно го прифатил ова барање и направил што можел, но без никаков успех. „Златната топка“ таа сезона му припадна на Меси (неговата шеста), втор беше Вирџил ван Дајк од Ливерпул.
Интересно, Рамос не беше ниту меѓу првите 30 номинирани во изборот за „Златната топка“ за Светското првенство таа година бидејќи 2019 година не беше успешна за Рамос и Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бањаја го искористи падот на Маркез и ја освои пол-позицијата

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.
Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.
Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.
Анкета
Спорт
Реал подготвува засилувања во НБА

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.
Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.
Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.
Тој имаше просек од 6,3 поени.
Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.
Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.
Спорт
Познато е колку ќе заработува Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда

Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда претставува вистинска „бомба“ во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот.
Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб.
36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена Ѕвезда од Белград.
Тој одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.