Спорт
Почнува 109. издание на Тур де Франс
Годинешното издание на Тур де Франс, 109-то по ред, почнува в петок и ќе трае до 24 јули. Најдобрите светски велосипедисти во најпрестижната трка ќе возат 21 етапа и ќе поминат нешто повеќе од 3.300 километри.
Организаторите на најголемата велосипедска трка во светот одлучија оваа година трката да почне во Данска. Во оваа земја ќе се возат првите три етапи. Првата етапа ќе биде индивидуалениот хронометар долг 13 километри на улиците на Копенхаген.
По воведниот хронометар, ќе се возат уште две етапи во Данска, потоа следува ден за одмор по што велосипедистите ќе се префрлат во Франција. Велосипедистите во следните три недели уште двапати ќе ги напуштат границите на Франција бидејќи првин ќе возат во Белгија, а потоа ќе се искачат на швајцарските Алпи.
Главен фаворит за победа на трката, секако, е младиот словенечки велосипедист Тадеј Погачар, кој ги брани боите на тимот на Емиратите. 23-годишниот Погачар двапати по ред победи на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Сонародникот Тим Роглич би требало да биде неговиот најголем ривал. Меѓу главните фаворити мора да се вброи тимскиот колега на Роглич, неговиот соиграч Јонас Вингегор.
Наведените тројца ги следат возачот на Бора – Александар Власов, Герејент Томас, Дани Мартинез, Наиро Кинтана, Ригоберто Уран.
Првата етапа почнува в петок во 16 часот, а во следните 24 дена ќе има вистински спектакл до големото финале на Елисејските полиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

