Спорт
Максимални договори за Морент, Букер и Бил
Џа Морент, Девин Букер и Бредли Бил ги продолжија договорите со Мемфис Гризлис, Финикс Санс, односно Вашингтон Визардс. Тројцата со актуелните тимови потпишаа максимални договори.
Морент од Мемфис доби петгодишен договор вреден 231 милион долари.
Морент сигурно ќе заработи 193 милиони, а целата сума ќе ја добие доколку и следната сезона биде избран во една од трите најдобри петорки во лигата.
На 22-годишна возраст Морент веќе се етаблира како еден од најдобрите играчи во НБА со просек од 27,4 поени, 6,7 асистенции и 5,7 скока минатата сезона.
Девин Букер доби четиригодишен договор вреден 214 милиони долари.
Минатата сезона Букер и Феникс Санс играа во големото финале, каде што паднаа по шест натпревари против Милвоки Бакс, а годинава не успеаја и беа елиминирани во второто коло од плејофот од Далас Маверикс по максимални седум натпревари.
Бредли Бил се согласи да потпише петгодишен договор со Вашингтон Визардс за плата од 251.000.000 долари.
Изненадувачки е што тој реши да остане во тимот на крајот бидејќи пред неколку дена најави дека летово ќе го тестира пазарот на ограничено слободните кошаркари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рутинска победа на Реал кај Леганес
Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.
Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.
Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А
Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.
Спорт
Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП
Кошаркарите на Босна и Херцеговина на крилата на навивачите ја совладаа Хрватска во четвртото коло од квалификациите за ЕП со 110:90. Надополнија минус од 13 бода од првиот меч и сега се многу блиску до пласман на ЕП. Во вториот натпревар од групата Франција лесно го совлада Кипар со 85:70.
Хрватите добро влегоа во натпреварот, му парираа на домаќинот и на полувреме имаа егал 50:50.
Нивната игра се распадна во вториот дел, поточно во третата летвртина, која БиХ ја доби со 33.13 и во решавачкиот период влезе со 20 поени предност.
Кај домашните најрасположен беше Кенан Камењаш со дабл-дабл учинок, односно 21 поен и 10 скока.
Го следеа Џанан Муса со 19 поени, три скока и пет асистенции, Александар Лазиќ (7ск) и Амар Алибеговиќ со по 18 поени, како и Амар Гегиќ со 16 поени, пет скока и четири асистенции и Един Атиќ со 12 поени. поени, пет скока и три асистенции.
Кај Хрватска се истакнаа Марио Хезоња со 28 поени, Лука Божиќ и Џелин Смит, имаа по 13.
Прва во групата е Франција со сите четири победи, по две имаат Босна и Херцеговина и Хрватска, додека Кипар е без победа.
БиХ сега има подобар скор од Хрватите бидејќи успеаја да надополнат -13 од Загреб.
Поради ова Хрватска е во сериозен проблем, бидејќи е во група со Кипар, кој како еден од домаќините на Евробаскетот автоматски обезбеди учество.
Тоа значи дека од групата Е на ЕП ќе се пласираа само две земји, а една од нив е Франција, која претходно во текот на денот обезбеди пласман.