Култура
КРИК – фестивал за критичка култура
Вечерва, во Мзејот на современата уметност, завршува првиот дел на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“, на тема „Во постојан отпор“. На иницијатива на фестивалот првпат во живо имаме две од најзначајните андерграунд-издавачки куќи од Бугарија – Amek Collective & Kontingent Records. Во 19.30 ќе се одржи разговор со уметниците Ангел Симитчиев, Мартин Луканов, Иван Шентов, како и презентирање на бугарските издавачки куќи Amek Collective & Kontingent Records.
Ќе се одржи уметнички разговор со визионерите зад бугарската сцена на дрон/амбиент/шум, кои бргу се проширија поради нивната работа од доцните 2000 години. Разговорот ќе го водат и модерираат филозофот Станимир Панајотов, кој веќе има соработувано со „Амек“ и кој ќе помогне да се расплете приказната зад чудниот успех на овие музички жанрови на бугарската андерграунд-сцена, заедно со Ивана Драгшиќ, диџејка и претставничка на локалната андерграунд-сцена.
![]()
„Амек колектив“ почна како „направи сам букерски“ колектив во 2008 година. Воден од Ангел Симитчиев и Мартин Луканов, кои претежно работат во Софија, Бугарија. „Амек“ има донесено над 90 изведби на странски и локални звучни, експериментални и амбиентални уметници. Од 2011 година тие редовно издаваат музика на касета и винил. Во моментот „Амек“ прави двемесечни радиоемисии – шумна неделя (Канал 103, Скопје) и Comfort Club (Black Rhino Radio, Букурешт).
„Контингент рекордс“ е „направи сам“ label и букер-човек-армија од Софија, Бугарија. Основан во 2004 година од Иван Шентов, „Контингент“ издава музика од разни формати и од разни жанрови, меѓу кои може да се најде дрон-шум, амбиентален, експериментален, изговорен збор, нојз рок, кора/панк, лоу-фај и слично. „Контингент рекордс“ исто така го издава и годишниот бугарски фанзин Sustainer.
![]()
Во 21 часот во живо ќе настапат Шентов, Симитчиев, Луканов, што е ретка музичка тријада, која досега во живо свирела само во неколку пригоди. Скопската публика ќе биде една од првите што ќе посведочи за најновиот музички расплет на оваа соработка помеѓу три клучни фигури на актуелната бугарска дрон, нојз и амбиентална музичка сцена.
Ангел Симитчиев е бугарски музичар и композитор со корени во хардкор панк-сцената. Надвор од неговата соло музичка рутина, неговите дела постојат во соработка со видеоарт, (краток) филм, уметничка инсталација, реклами, мода, театар, современ танц и перформанс. Тој е ½ од бугарскиот издавач на експериментална музика и букинг-екипа „Амек колектив“. Ангел Симитчиев е доктор по музикологија (Институт за уметнички студии при Бугарската академија на науките) и магистер по медиумска композиција и електроакустична музика (Национална музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“). Од 2014 година предава звучна уметност на Националната академија за уметности во Софија.
Мартин Луканов е основач на експерименталниот музички label и букинг-екипа Amek Collective. Тој е магистер по медиумски студии (Универзитетот во Софија) и моментно работи на докторат по културни студии. Тој е помошник-уредник на списанието „Југоисточна Азија – Медиумски студии“, член на уредуничкиот одбор на Riffs, списанието за популарна музика, и предава популарна култура на Новиот бугарски универзитет и на Универзитетот во Софија.
Иван Шентов е музичар, композитор и писател, кој е роден и израснат на музичката сцена во Софија. Тој е поранешен член на КПД-0, сега веќе непостоен, но сè уште еден од најпознатите софиски бендови од 2000 години. Во моментот Иван Шентов е на чело на „Контингент рекордс label“, која донесе во Софија плејада турнеи од меѓународната нојз и панк-сцена.
Инаку, вчеравечер во КСП „Центар – Јадро“ беше отворена изложбата „Сенките на занаетите: инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз. Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. Изложбата ја отвори Искра Гешоска, програмски уредник на фестивалот, која им заблагодари што по Истанбул и Ајвалик, Скопје е третиот град за кој изработија мапа на занетите и рече дека се надева на продолжување на соработките со македонските креативци, кои ја посетуваа работилницата што се одржа во рамките на овој проект. Изложбта во КСП „Центар – Јадро“ ќе може да се види до 7 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

