Македонија
Ѓорѓиевски: Усје првпат добива градинка
Жителите на Усје првпат добиваат градинка. Грaдоначалникот Ѓорѓиевски денес го промовира овој проект, кој е петтиот од седумте капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода. Објектот, кој набргу ќе биде ставен во функција, има капацитет за стотина дечиња, пред сè, од населбите Усје, Стаклара и Градинар.
„Влеговме во вториот дел од роденденската седмица на Општина Кисела Вода, во која промовираме, реализираме 7 капитални проекти, по еден за секој ден. Денес сме во Усје, каде што жителите од овој дел на Скопје првпат добиваат градинка. Извршивме преадаптација на овој објект. Ги менуваме работите од темел. Градежните активности овозможија можност за згрижување 100-ина деца. Во овие 350 квадратни метри сега има занимални, јасли, соба за изолација, простории за персоналот, два тоалета – од кои еден е за деца со посеби потреби, а во подрумските простории ќе функционира пералница. Во овој период што преостанува пред да ги отвориме вратите на оваа нова градинка, ќе се работи на уредување на дворот и обезбедување дополнителни содржини корисни за раниот детски развој“, истакна тој.
Оценува дека проектот има големо значење, пред сè, за дечињата од населбите Усје, Стаклара и Градинар, кои ќе имаат приоритет за запишување, но ќе биде од огромно значење и за другите бидејќи, како што рече, листите на чекање, како и секаде во Скопје, се огромни, а постојните градинки се преполни.
„Сакам да најавам дека нова градинки ќе има и во Расадник, каде што се подготвува техничка документација, јаслите во претходно изградената градинка во Драчево веќе функционираат, а за преостанатите дечиња се чека соглсност за вработување персонал од централните институции. Воедно, го проширивме капацитетот и на објектот „Синоличка“ од ЈДГ „Весели цветови“, а во следниот период го зголемуваме капацитетот и на објекотот „Кокиче“ за 150 нови дечиња“, истакна Ѓеорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

