Македонија
Тренчевска со повик општините да аплицираат за развој на социјални услуги на локално ниво
Министерството за труд и социјална политика го промовира вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Условите за учество на јавниот повик беa промовирани пред градоначалници од повеќе општини и други претставници од локалната самоуправа.
Почнувајќи од денес, 1 јули 2022 година, општините ќе може да изразат интерес за учество на јавниот повик. По завршување на овој процес, ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините со цел развој на социјални услуги на локално ниво. Општините што ќе изразат интерес за учество, ќе добијат бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето обраќање до присутните ја нагласи важноста од развојот на социјални услуги на локално ниво како важен фактор во процесот на децентрализација и јакнењето на капацитетите на општините во интерес на граѓаните.
„Со развојот на нови достапни социјални услуги, во согласност со потребите на граѓаните на локално ниво, се добиваат двојни придобивки. Прво, големо задоволство е лично да се види како обезбедената поддршка на корисниците на развиените услуги им го подобрува квалитетот на живот. Второ, но исто така важно за овој дел од социјалната реформа, е вклучување на пазарот на трудот на социјално ранливите категории, како, на пример, долгорочно невработени лица, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани мајки и други и нивно извлекување од сиромаштија. Ги повикувам општините, заедно со потенцијалните даватели на услуги, да аплицираат на вториот повик за развој на социјални услуги во согласност со условите што ќе бидат наведени бидејќи несомнено тие носат големи придобивки за сите“, истакна Тренчевска.
Во рамките на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекта во 27 општини добија финансиска поддршка преку овој проект. Повеќето од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и регенерација на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатни се повеќе од 522 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.
За да се утврдат ефектите од реализацијата на услугите, беше изготвена и анализа на искуствата и предизвиците при имплементација на давањето на социјалните услуги на локално ниво, појаснуваат од Министерството. Анализата покажала дека соработката помеѓу сите вклучени страни е исклучително важна, како и дека развојот на социјалните услуги на локално ниво овозможува ангажман на лица од ранливите категории создавајќи нови трендови на пазарот на труд. Меѓу другото, анализата покажала дека е неопходно и зајакнување на капацитетите на давателите на услугите и подобрување на регулативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

