Македонија
Субвенции за велосипеди во општина Аеродром – пријавувањето почнува в понеделник
Општина Аеродром в понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети:
– за велосипеди во износ од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари;
– за електричен тротинет во износ од 30 % од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари од лице.
Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат:
– барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955 почнувајќи од понеделник);
– фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во општина Аеродром;
– фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
– оригинална фискална сметка или фактура со датум од 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет;
– изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.
Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 9 до 15 часот во затворен плик со намена „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

