Свет
Екс шеф на Пентагон: Путин е лик од роман на Достоевски кој оди на спиење лут

Џим Матис – поранешниот американски секретар за одбрана со остра критика за рускиот претседател Владимир Путин. Тој руската инвазија на Украина ја нарече „некомпетентна и непромислена“.
Матис во својот говор во Сеул Путин го спореди со параноични ликови од романите на Фјодор Достоевски.
„Путин е вистински лик од роман на Достоевски. Оди на спиење лут, уплашен, мисли дека Русија е опкружена со ноќни мори“ рече Морис .
Екс шефот на Пентагон не се огласуваше многу во јавноста откако поднесе оставка во 2018 година, поради несогласување со тогашниот претседател Доналд Трамп.
Матис смета дека Путин не може да носи паметни одлуки затоа што покрај него нема луѓе кои добро би го советувале.
На прашањето за најголемите поуки од руската војна во Украина, Матис вели „Неспособни генерали не би требало да ви ги водат операциите. Војната е доволна трагедија без дополнителни глупости“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.
Свет
Израел испрати предупредување за евакуација

Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел, третиот ден од невидена воена ескалација меѓу двете непријателски земји.
Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста. Абас Арагчи рече дека одговорот на Иран на израелските напади бил чин на самоодбрана.
Тој додаде дека израелските напади, кои беа извршени први, не би биле можни без одобрение од САД. Вашингтон, рече тој, треба да ги осуди израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран, додавајќи дека разговорите со САД можеле да доведат до договор.
Но, Израел, тврди тој, сакал да ги саботира тие преговори, кои САД ги сметале за клучни за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Тој, исто така, изјави дека Иран не сака да ја прошири војната, освен ако не е принуден да го стори тоа.
Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација до сите ирански граѓани во близина на воени објекти. Авичај Адрае објави „итно предупредување до сите ирански граѓани“ на социјалните мрежи.
„Сите лица што моментално или наскоро ќе се наоѓаат во или околу објектите за производство на воено оружје и сродните институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде понатамошно известување“, напиша тој.