Црна хроника
Арачиновец сакал да прошверцува злато и сребро

Арачиновец е приведен на откако ноќта во петок кон сабота преку ГП-Богородица се обидел да прошверцува златна и сребрена плочка од Македонија во Турција.
Како што соопшти полицијата, при контрола на патниците кои патуваа со автобус „мерцедес“ на турската компанија „Јадран туризам“, кај 31 годишниот на М.Џ. од Арачиново, кој првично не пријавил ништо на царината, биле пронајдени две плочки – жолта плочка во облик на калап сокриена во десниот преден џеп од фармерките, со вкупна тежина од два килограми и 620 грама и уште една сребренасто бела плочка со вкупна тежина од три килограми и 130 грама сместена во импровизирана ташничка по мерка која ја имал ставено на самиот појас.
Поради основано сомнение дека станува збор за криумчарење на злато и сребро лицето е задржано. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.