Свет
(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе
Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Според информациите, уапсен е 22-годишен Данец.
Осомничениот бил фатен по голема полициска потрага во регионот Сјеланд, објави „Ројтерс“.
„Ќе спроведеме детална истрага и голем број полицајци ќе бидат присутни во Копенхаген, сè додека не можеме со сигурност да кажеме дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен.
Тој откри дека убиецот убил маж на возраст од четириесет години, како и двајца млади, маж и жена.
Томасен изјави дека се ранети уште неколку лица, а меѓу нив три лица се во критична состојба.
Доцна синоќа се обрати и премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
„Данска беше погодена од брутален напад. Загинаа неколку луѓе, а уште повеќе се ранети. Невини семејства пазареа или дојдоа на ручек. Деца, адолесценти и возрасни. Нашиот убав и традиционално многу безбеден град се смени за дел од секундата. Ги повикувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат во ова тешко време“, рече Фредериксен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.