Свет
Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон
Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета светска војна.
Дизајнирана е и алатка која ги прикажува последиците од експлозија на нуклеарна бомба во одредена област, објасни Андреј Гуруљов, за руската државна телевизија.
„Лондон ќе биде првата стратешка НАТО цел, што ќе биде погодена од руски ракети доколку избие трета светска војна“, изјави блискиот сојузник на претседателот Владимир Путин.
„ Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити при првата воздушна операција. Немаме гајле дали се американски или британски, сите би ги гледале како НАТО“, рекол Гуруљов.
Алекс Валерстајн, нуклеарен историчар од Технолошкиот институт на Универзитетот Стивенс, создаде една од алатките, симулаторот Nukmap, кој покажува што би се случило ако во некоја област експлодира нуклеарна бомба.
Симулаторот е дизајниран да ги пресметува последиците од бомбашките напади.
„Живееме во свет во кој прашањата за нуклеарното оружје редовно се на насловните страници, но повеќето луѓе сè уште имаат многу лош впечаток за тоа што всушност може да направи експлозивното нуклеарно оружје“, рече Валерстајн.
Тој нагласи дека тоа е само проценка, а не прецизна пресметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.
Свет
Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт
Кремљ ги отфрли извештаите дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин по неуспешниот обид да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец. Лавров, ветеран дипломат и министер од 2004 година, разговараше на телефон со својот американски колега Марко Рубио на 20 октомври за да разговара за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели во Будимпешта за мировни преговори во Украина.
Официјалните изјави од двете страни по повикот не сугерираа дека поминало лошо, но Трамп еден ден подоцна објави дека не сака да ја одржи средбата бидејќи тоа би било губење време. Подоцна рече дека ја откажал бидејќи не се чувствувал добро, според агенциите.
Отсуството на Лавров од клучниот состанок на рускиот совет за безбедност минатата недела и одлуката на Путин да го испрати својот заменик-шеф на кабинетот на самитот на Г20 подоцна овој месец наместо министерот ги поттикнаа шпекулациите дека Путин му е лут. Запрашан во петокот за веродостојноста на шпекулациите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли.
„Ќе ви дадам краток одговор: нема ништо вистина во овие извештаи“.
На прашањето дали Лавров ќе остане на својата функција, портпаролот додаде: „Апсолутно. Лавров е министер за надворешни работи, секако“. Објавите за расправијата меѓу двајцата политичари беа поттикнати и од некои анонимни руски канали на „Телеграм“, како и од медиумите кои се критични кон Кремљ.
Фото: принтскрин
Свет
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс.
Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.
Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб.
И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени против Исламска држава и Ал Каеда.
Фото: принтскрин

