Македонија
290 новозаразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 1.7 до 3.7.2022) биле направени 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 1.7.2022 до 3.7.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб лаб-85, ВФВ медикал-12, Ели медика плус-21, Ројал медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.
Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 148549, Активни 536
Куманово 16770, Активни 42
Битола 15835, Активни 59
Прилеп 14277, Активни 33
Тетово 13533, Активни 20
Кавадарци 10760, Активни 34
Велес 9848, Активни 30
Гостивар 9634, Активни 15
Охрид 9030, Активни 58
Штип 8119, Активни 18
Струмица 8110, Активни 15
Кичево 5673, Активни 11
Кочани 5125, Активни 17
Струга 4744, Активни 9
Гевгелија 4431, Активни 4
Неготино 3714, Активни 5
Ресен 2760, Активни 1
Свети Николе 2641, Активни 1
Радовиш 2537, Активни 5
Крива Паланка 2421, Активни 2
Делчево 1991, Активни 5
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1684, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1398, Активни 2
Пробиштип 1271, Активни 3
Богданци 1025, Активни 2
Кратово 969, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Демир Капија 594, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

