Спорт
Хамилтон ги поддржува активистите што истрчаа на патеката во Силверстоун

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги поддржа активистите што се обидоа да ја попречат трката во Британија, но ги предупреди дека мора да се држат настрана од Формула 1-патеките за да не се случи трагедија.
Британското ГП во неделата двапати избегна катастрофа во првиот круг – прво по лудото излетување на возачот на Алфа Ромео, Кинезот Жоу Гванју, на првата кривина, кога тој се преврте и отиде во оградата предизвикувајќи прекин на трката, а потоа кога болидите се враќаа во боксот, пет активисти на Just Stop Oil-иницијативата против фосилни горива излетаа на патеката пред да бидат совладани од полицијата. На чуден начин тие имаа среќа со инцидентот се случи на првата кривина бидејќи во спротивно ќе влезеа со огромна брзина.
„Како што видовме, ова е многу опасен спорт. Не бев свесен за денешните протести и иако секогаш ќе ги поддржувам тие што прават нешто за тоа што веруваат, тоа мора да се направи безбедно. Ве молам, не скокајте на патеките бидејќи не сакаме да ве повредиме“, напиша Хамилтон на „Инстаграм“.
Во интервју тој исто така даде поддршка.
„Голем поздрав за протестантите. Сакам што луѓето се борат за планетата и потребни ни се повеќе такви луѓе“, изјави тој пред Мерцедес да објави преку социјалните мрежи дека „тој го поддржува правото на протест, но не и начинот“.
We will not be spectators to government inaction. There can be NO NEW OIL in the UK. And whilst there is, action will continue. #BritishGP2022 #Formula1 #F1 #JustStopOil pic.twitter.com/5c1HXuWoXk
— JustStopOil (@JustStop_Oil) July 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL
Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
Спорт
Потпишан договорот за реконструкција на стадионот во Чаир

Општина Чаир потпиша договор со компанијата „Флуид Проект“ за реализација на проектот за реконструкција на стадионот во Чаир.
Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди, како и унапредување на придружната инфраструктура, вклучително и системот за осветлување, дренажа и дополнителни елементи за безбедност и функционалност наменети за спортистите и публиката.
Градежните активности се очекува да траат од 45 до 60 дена, со цел стадионот да биде подготвен за претстојната спортска сезона и да обезбеди современи и безбедни услови за младите и спортските клубови што делуваат на територија на Општина Чаир.