Македонија
ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести на проруските сили
Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, реагираат од Демократската унија за интеграција.
Демократската унија за интеграција, додаваат од таму, најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.
„Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните. По долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци“, е наведено во соопштението од ДУИ.
Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата.
„Ние сме земја членка на НАТО и ќе го продолжиме европскиот пат, друга алтернатива нема!“, потенцираат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите
Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопшти партијата.
Македонија
Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре
Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд.
„Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство.
Во согласност со деловникот, постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставниот суд“, информираат од Уставниот суд.
Седницата за избор, како што е најавено, продолжува утре во 10 часот.