Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, наместа со услови за појава на невреме.
Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе биде до 19-иот степен, додека дневната ќе достигне до 33 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска на повеќе места ќе има нестабилно време, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.
В четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран в петок и в сабота ќе биде нестабилно, со обилни врнежи од дожд на повеќе места и значителен пад на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Не е време за пиво скара туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на останатите плати, повика ССМ

Овој Први мај место марш, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот, не се зголемуваат согласно потпишаните договори и Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ги повика синдикатите здружени во ССМ, нивните членови но и сите останати синдикати и поддржувачи на работничките права место на скара да излезат на протест.
„Недостоинствените услови за работа и недостоинствените плати се главниот мотив оваа година на Први мај да протестираме а не да маршираме. Има многу причини за но ниету една против излегувањето на протсет на Први мај. Денеска за жал оргомен број работници во приватниот сектор уште немаат добиено плата з амесец март. Денеска оргомен број институции во јавниот сектор немаат добиено плата за март, 2025 година. Ако тоа што ви се ниски платите, ако тоа што не добивате плата не е доволен мотив да ни се придружите на Први мај тогаш треба да знаете колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиете и толку ќе добиеме. Нѐ бројат и Владата и работодавачите. Поканата е отворена за сите кои сметаат дека треба да се придружат на овој Први мај заедно да покажеме дека минималната плата во Македонија е мизерна односн најниска во регионот. Ако во некоја држава минималната плата е на дното во регионот во Македонија минималната плата го проби и дното. Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на Први мај. Трендафилов апелираше работниците да покажат единство оти живеат од плата, не од политика и масовно да излезат да го искажат незадоволството. Тој нагласи дека пет месеци нарочно не се утврдува репрезентативност на ССМ за да не се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која Владата ќе мора или да го прифати или да го одбие предлогот на ССМ минималната плата да се покачи на 500 евра.
Македонија
Добро е што СДС, конечно, ги тргна розовите очила и виде во каква состојба ја остави државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата, Владата контиуирано ги зголемува платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Богданка Кузеска од СДСМ.
„СДС очигледно мислат дека работите се поправаат со магично стапче. Да им појасниме, пустошот во кој ја оставија Македонија на секој план, не се поправа преку ноќ. Еве неколку факти за подобрување на животниот стандард кој СДС успеа да го уништи за седум години власт. Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%. Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%. Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%. За период од четири години предвидено е зголемување на платите во здравството до 50 отсто“, пишува во реакцијата.
Македонија
Градежни неправилности во општина Карпош, ќе се бара објаснување од инвеститорите и од надзорот

Градоначалникот на општина Карпош заедно со дел од општинските службеници во текот на вчерашниот ден посетил две згради на улица Никола Парапунов и констатирал дека и во двата објекта бројот на паркинг-места не е изведен во согласност со одобрението за градба од надлежните служби во Општината иако за тоа постои физичка можност, односно висината на гаражниот простор овозможува паркирање на две нивоа, информираат од Општина Карпош.
„Сопствениците, односно инвеститорите и надзорот, ќе бидат повикани во текот на оваа седмица. Во зависност од тоа дали инвеститорите и надзорот ќе го коригираат овој недостиг, ќе зависат и мерките што ќе ги преземе Општина Карпош против нив“, се истакнува во соопштението.