Црна хроника
Во дрвен плакар на поткровје скопјанец криел марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје врши истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во дрвен плакар на поткровјето од зградата во која живее осомничениот 21-годишен скопјанец неовластено за продажба држел наркотична дрога – кокаин и марихуана.
При претресот на 4 јули, полициските службеници пронашле вкупно 4,79 грама кокаин и 25,01 грам марихуана, спакувани во повеќе помали пакувања наменети за препродажба. Кај осомничениот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотична дрога.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се обиделе да вадат бакар со оган, па завршија со лисици на рацете

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против две лица кои предизвикале пожар на градската депонија. Станува збор за 38-годишниот Е.В. од Прилеп, со привремен престој во Струга, и 61-годишниот Ф.Н. од Струга, кои се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2025 година двајцата биле затекнати на депонијата во Струга додека ваделе бакарни жици од разни предмети. За да дојдат до металот, тие ги запалиле предметите, при што избувнал пожар.
Навремена реакција имало од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, чии екипи успеале да го изгаснат огнот и да спречат негово ширење. По интервенцијата, Е.В. и Ф.Н. биле лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Двајца приведени, еден во бегство по упад во маркет во Чаир

Двајца млади разбојници утринава завршија во полициски раце откако се обиделе насилно да ограбат маркет на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир.
„Околу 04:50 часот беше пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагираа екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар“, соопшти МВР.
Кога ги забележале полицајците, напаѓачите се дале во бегство, по што еден полициски службеник бил принуден да испука предупредувачки истрел во воздух за да ги запре.
„Со брза акција на полицијата, од слобода беа лишени лицата А.Х. (23) и Е.А. (19), додека едно лице е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
По целосно расчистување на случајот, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Црна хроника
„Нисан“ удрен од товарно возило кое избегало од местото на несреќата

Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово.
Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање на возачот на товарното моторно возило, кој засега останува непознат.
Од СВР Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и доколку имаат информации за возилото или возачот да се јават веднаш на локалните полициски служби.