Македонија
ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став

По сè зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата тие да бидат почитувани и заштитени. Тоа го очекуваме и од припадниците на МВР, од институциите, од партиите, но и од самите учесници на протестите, соопштуваат од Синдикатот.
„Новинарите, фото и видеорепортерите се таму на нивното работно место и нивна задача е да информираат за тоа што се случува. Воедно, новинарите се учесници во јавната дебата и како такви имаат право да промислуваат, коментираат и аргументираат свои ставови без при тоа да бидат предмет на етикетирања и деградирања. Секој напад на новинар и медиумска екипа е напад врз јавноста и јавниот интерес, напад против правото на слобода на изразување, напад против демократијата, но и против пристојноста и цивилизациските вредности. Оттаму, секој таков напад најмногу го легитимира оној што го спроведува, како насилник и недемократ“, стои меѓудругото во соопштението на ССНМ.
Оттаму посочуваат дека „историски гледано со пократок рок се токму насилниците и недемократите. Без оглед на гласноста на улица и на социјалните мрежи – нивното време истекува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.