Црна хроника
Истражни дејствија за 40-тина учесници во инцидентот на Кале
Скопското Јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе барање за преземање на определени истражни дејствија против 41 лице, поврзани со настаните на Кале, соопштуваат од Судот
„Основното јавно обвинителство од Скопје денес, 21.02.2011 година, до овој суд поднесе барање за преземање определени истражни дејствија против 41 лице, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие по чл.384 ст.1 од КЗ, за настанот што се случи на скопското Кале“ се вели во соопштението од Судот.Министерството за внатрешни работи минатата недела до Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против 60 лица учесници во инцидентот на Кале. Минатата недела се судрија две групи, „за“ и „против“ изградбата на објектот на Кале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Управителка на фирма во Кичево, наместо покрив, доградила дополнителен кат и потпокрив
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење издадено од општината. Наместо покрив над петтиот кат, таа неовластено изградила уште еден кат и поткровје, што не било предвидено во проектот.
Црна хроника
Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон
Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 денари и мобилен телефон.
Црна хроника
Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци
Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. (46) од Скопје. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.
Вториот случај бил пријавен истата вечер во Битола, околу 20:05 часот. На улицата „Карпош“, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (30) од Битола, удрило во 62-годишната С.Ѓ. од Битола. Таа била пренесена во Клиничката болница Битола, каде што биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Битола.

