Контакт

Спорт

Ексклузивно со Матс Виландер: Федерер е симфониски диригент, а Ѓоковиќ игра поедноставно

Објавено пред

Од Лондон, Ненад Живановски

dobivaj vesti na viber

Матс Виландер, жива легенда на тенискиот спорт. Поранешен број еден и седумкратен освојувач на гренд слем турнирите. Последниве години ангажиран како стручен коментатор за тенис на „Евроспорт“. Колку неговата тениска кариера е блескава, толку новинарскиот ангажман му е следен со контроверзија. Барем кога е во прашање односот на публиката од нашиот регион за ставовите што Виландер ги изнесуваше за Новак Ѓоковиќ на почетокот од неговата кариера. Овој разговор беше можност да се добие објаснување и за тоа.

Сепак, и во улога на новинар Матс ги задржал главните карактерни особини што ги имал како тенсиер. Не е суетен, нема предрасуди и претенциозност и секогаш е подготвен за разговор со своите колеги излегувајќи им во пресрет за интервју, анализа, совет. Во мојот случај неговата колегијалноста беше и над очекуваните граници: интервју планирано да трае десетина минути, спонтано се продолжи на половина час. Без никакво негово негодување или вртење со очите за уште едно и уште едно прашање. Напротив, трпеливо одговараше, иако постоеше реален ризик да задоцни во својата програма на „Евроспорт“.

– Колега Матс или господине Виландер, како го оценувате текот на турнирот до сега? Дали има некој резултат што Ве изненадил?

„За мене, најголемо изненадување е што Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на 36 и 35 години сè уште играат на Вимблдон и се во полуфиналето. Тоа е неверојатно да имаме тенисери во средните триесетти и да бидат фаворити да победат на турнирот. Не само овде, туку на сите четири гренд слема. Тоа сега не е изненадување, но ако ме прашавте пред пет години, тогаш би било незамисливо вакво нешто да се очекува. Тоа е за мене изненадувањето, но воедно и воодушевување како може тие сè уште да го прават тоа на толку врвно ниво. Во женската страна тоа го немаме. Мажите играат подолги мечеви, а сè уште се витални. Тоа ме воодушевува најмногу. Јас кога го видов Рафаел Надал на ‘Ролан Гарос’ во 2005., никогаш не помислив дека тој ќе игра на Вимблдон 2022.

Во врска со прикажаната игра, изненаден сум што сè уште се игра на основната линија, да бидам искрен повеќе би сакал играчите да излегуваат на мрежа, сервисот да биде малку побрз и опцијата да се игра сервис-волеј да биде многу поприсутна.

– Раната елиминација на Ига Швјонтек не е изненадување за Вас?

„Не, воопшто не е изненадување за мене. Јас ја гледав на ‘Ролан Гарос’ трипати, таа двапати победи на овој грен слем, но тоа ништо не ви значи на Вимблдон. За Ига најголем проблем беше нејзиното движење, таа не можеше да игра на трева како на тврда подлога. Таа е премногу млада, за да игра на трева, ѝ требаат уште неколку години искуство. Но, тоа важи за секој млад играч, дека му треба доволно искуство за да игра на трева. Сепак, сигурен сум дека Ига ќе биде шампион на Вимблдон еден ден.

– Да се вратиме на машкиот дел од турнирот. Има доста контроверзии во врска со повредата на Рафаел Надал. Денеска се огласи и Фабио Фоњини, кој рече да не се верува на сè што ќе каже Надал.

„Воопшто не ме интересира што кажал Фоњини… Повредите се составен дел од тенисот и секој што игра тенис може да биде повреден.

– Сепак, и лекари, кои се експерти за повреда каква има Надал, тврдат дека не е можно да се игра тенис на такво ниво со таква повреда и дека таа вообичаено ги напаѓа двете нозе, а не само едната.

„Не, не, не…! Со таква повреда не е можно да сервирате јако, како што вообичаено сервира Надал. Но, тој трча добро. Факт е дека сервисите потешко ги изведува. Има голема разлика кога сте повредени и не можете да се движите и кога имате повреда поради која послабо сервирате. За мене, нема никаква контроверзија во врска со повредата на Надал. Тој веруваше дека може да го победи Тејлор Фриц во четврт-финалето и ако не може да сервира сто проценти од своите можности. Тоа ви кажува колку Рафаел Надал е добар и е вистинско чудо како тој најде начин да го добие мечот. За мене не е дебата контроверзноста на повредата на Надал, туку вистинска дебата треба да се води како Фриц не успеа да победи противник што не може да сервира со сто проценти од својот капацитет. Погледнете ги фудбалерите, противникот ќе ги шутне, сопне, тие ќе се превиткуваат, но ќе продолжат да играат. Тоа е спорт, го правиш најдоброто со она што го имаш иако не си 100 проценти подготвен.

– Каква импресија Ви остана од мечот меѓу Стефанос Циципас и Ник Кирјос? Наместо тенис, тоа личеше како да ќе гледаме стрит фајт.

„Мојата импресија се однесува на она што Ник го прави за тенисот со тенискиот рекет. И во тоа е многу добар. Тој го има еден од најприродните сервиси што кога било сум ги видел и има неверојатно разбирање на играта, се движи одлично, антиципацијата на играта му е исто така извонредна. Тоа е сè. Остатокот е надвор од нашата моќ.

– Сепак, најблаго оценето, невообичаена појава за тенисот е Кирјос?

„И во минатото имавме многу одлични тенисери, кои беа на граница да ги прекршуваат правилата. Сетете се на Џон Мекинро, Џими Конорс, Илијан Настасе. Дали јас сакам секој да биде како Ник Кирјос, или како Новак Ѓоковиќ, или како Рафа Надал или како Роџер Федерер? Не! Имате милион луѓе, со милион карактери и персоналити. Предизвикот со некој како Ник Кирјос е предизвик за родителите и тренерите да ги научат децата да разберат што е добро кај Ник, но и кај Новак, Рафа, Роџер, а што не сакам моето дете да прави. Дали сакам да биде повеќе како Надал кога игра тенис и кој се бори за секоја топка и покажува позитивна емоција или да биде тивок како Новак, но да прави подготовки и загревање како него. Или, пак, да игра со тенискиот рекет како Федерер или сакате да сервира како Ник Кирјос. Што се однесува за Циципас, мислам дека тој не беше подготвен за тој хаос меч на Ник Кирјос.

– Со оглед дека доаѓам од Македонија, која е дел од регионот на поранешна Југославија, морам да Ве прашам како гледавте на коментарите што доаѓаа на почетокот на кариерата на Новак дека не го сакате, дека во Вашите коментари сте премногу критичен кон него и дека ги фаворизирате Надал и Федерер?

„Исто како и за Ник Кирјос, ќе повторам дека треба да ги одделите карактерот на играчот од она што тој го прави играјќи тенис. Треба да го одделите Новак како личност од она што го правел како играч на 19-годишна возраст и сега. Или Роџер Федерер како личност со неговото однесување на 14 или 15 години, кога ги кршел рекетите, а неговите родители му се заканувале дека нема повеќе да игра тенис бидејќи нема рекети. И тоа не се однесува ниту за Новак, ниту за Надал ниту за Федерер. Тоа се однесува на играч што мора да го подобри својот говор на телото. Тоа не е лично за Новак, Федерер, Кирјос, Надал. Тие се тенисери и може да се однесуваат како сакаат, но тенисот е спорт што произвел личности како Били Џ. Кинг. Таа има сторено за женската еднаквост во САД и остатокот од светот многу повеќе од која било друга жена што можела да направи. Зошто? Зашто го имала тенисот како платформа. Артур Еш исто така направи многу во неговиот ангажман бидејќи беше тенисер. Тенисот може да го направи светот подобро место. Ние сакаме да имаме тенисери што ќе бидат инспирација и водечки модел и кои ќе го третираат тенискиот спорт со почит. Тоа не е лично ниту за Новак ниту за Ник. Заборавете го Новак од минатото, погледнете го Новак сега. Тој е најголемиот амбасадор на спортот во светот. Тој е неверојатен, одличен играч, можеби ќе биде и најдобар на сите времиња. Неговото однесување е неверојатно добро. Неговите интервјуа се неверојатно содржајни. И вие сакате сега да се вратиме назад, што правел Новак на деветнаесет години и да го споредувате со сега? Тој имал само 19 години и тоа нема врска со Новак, со Србија, со вашиот регион. Затоа, луѓето се збунети ако во минатото не ја забележувале конструктивната критика. Тоа е како со дете. Морате да му речете да не ја фрла храната на подот, туку да ја однесе во кујната. Инаку, како самото ќе го знае тоа на петгодишна возраст?! Така и кога ќе дојдете на турнир на 18/19-годишна возраст, вие морате да ги следите правилата што го прават тенисот толку голем спорт. Прашајте го Новак сега што мисли за тенискиот спорт. Видете го како се однесува на Централ кортот. Тој е комплетно друга личност. Последно што може да ми се префрли е дека не го сакам Новак. Напротив, токму спротивното. Во моите очи јас немам видено друг тенисер со толку позитивен напредок во однос на говорот на тело од Новак Ѓоковиќ. Тоа е она што јас со години го зборувам за Новак, но некои не сакаат да го чујат тој дел. Тенисот како спорт е многу повеќе отколку што се Новак, Рафа, Федерер. Тенисот е спорт што мораме да го заштитиме! Тенисот е традиција, тенисот е начин како да ги воспитувате децата преку спорт. И ако го изгубиме тоа, тогаш подобро да играме пеинтбол или покер.

– Сепак, и со толку голем позитивен напредок, Новак како да не е прифатен од публиката како Надал или Федерер. Според популарноста, како постојано да е во нивна сенка.

„Ајде, прво да тргнеме кој како игра. Дали некој друг може да биде популарен како Федерер според тоа како игра? Не! Роџер Федерер е симфонсики диригент според играта. Тоа е креативна перфекција. Новак на многу поедноставен начин го игра тенисот. Неговото движење е неверојатно, изгледа како топчето да не може да му избега. Дали е тоа воодушевувачко за публиката? Не е. Федерер е повеќе од уметник за луѓето. Како играч, Новак ги прави истите работи како Федерер, но Федерер ги прави на начин луѓето да бидат воодушевени. Тоа е разликата меѓу нив двајца. Од своја страна, Надал има неверојатна емотивна страст, која сака да ја покажува цело време. И тоа предизвикува емотивна реакција и кај луѓето. И тогаш го имате Новак, кој е многу потивок, го нема флертот на Федерер и неговата артистичност. Федерер не личи на човечко суштество. Новак личи на човечко суштество кое е неконтролирано во секоја ситуација. За мене е многу поимпресивно кога изгледате неконтролирано како Новак отколку како Федерер или Рафа. Но, кога ќе дојдете до однесувањето и држењето, тоа е до публиката, тоа предизвикува емоции кај луѓето и затоа некои го сакаат Новак, други Роџер, а трети Рафа.

– Значи дека публиката се раководи само според своите спортски преференции?

„Во минатото имавме двајца тенисери, кои беа најпопуларни на сите времиња. Имавме неверојатни финалиња во 2007 и 2008 и луѓето беа сетирани и подготвени за тоа ривалство како за Бјерн Борг и Џон Мекинро. И оддеднаш се појави нов лик, кој ги наруши сите очекувања да се гледаат мечеви само меѓу Роџер и Рафа. Но, проблемот не беше зашто тоа беше Новак, туку зашто се појавил трет човек, кој го прекинал ривалството во тој момент меѓу двајцата најдобри тенисери. Токму поради тоа што се случи на Вимблдон во 2007 и 2008, сите беа подготвени да ги гледаат Рафа и Роџер во сите финалиња во наредните десет години. Луѓето купуваа билети да ги гледаат Рафа и Федерер во финалињата, а сепак Новак ги победуваше. Можеби Новак беше несреќникот, но која и да било друга личност да беше, исто ќе поминеше бидејќи го нарушила сонот на љубителите на тенисот.

– Сепак, фановите на Ноле од мојот регион, па, дури и таткото на Новак, се убедени дека Новак не е прифатен од западната публика бидејќи доаѓа од непопуларната Србија, од Балканот, дека на Западот сè уште постои убедување за нивната супериорност во однос на остатокот на светот, а тенисот е господски спорт резервиран за високиот сталеж, а не за плебсот. Што мислите за ваквото размислување?

„Би го проширил прашањето што мислам за неиграњето на Русите на Вимблдон!? Ако ги гледате и обвинувате луѓето според тоа каде се родени, тогаш мислам дека имате проблем. Можеби тоа е локално прашање за вас, но јас немам идеја што да ви одговорам. Јас не ги гледам играчите и Новак од која држава доаѓаат, туку како се однесуваат на теренот и што имаат сторено за тенисот. Запомнете што ќе ви кажам: ако Новак продолжи да чекори на начинот како чекори, тој ќе биде еден од најпочитуваните професионални спортисти и човечко суштество кое било кога сме го виделе.

– Какво финале очекувате в недела? Посакувате ли финале од соништата Новак – Надал?

„Немам идеја бидејќи не ја знам ситуацијата со Надал. Невозможно е да се предвидува. Ако Новак и Рафа играа утре, Новак ќе победеше деведесет проценти. Секако дека сакам да ги видам во финалето в недела двајцата, но сакам да видам и нови лица.

– Како гледате на животната драма низ која поминува вашиот колега Борис Бекер?

„Исусе! Не знам колку многу можам да го поддржам Борис Бекер. Ние сме пријатели, а луѓето прават грешки.

Текст и фото од Вимблдон: Ненад Живановски

Спорт

Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи

Објавено пред

Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.

dobivaj vesti na viber

Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.

Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.

И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.

Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.

Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.

Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.

Прикажи повеќе...

Спорт

Евролигата сака да ја тужи НБА

Објавено пред

Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.

dobivaj vesti na viber

Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.

Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.

Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.

Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.

Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.

Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.

Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Дончиќ броеше до 42, Лејкерси паднаа кај последнопласираниот тим на Западот

Објавено пред

Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29).

dobivaj vesti na viber

Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки.

Сепак во последната четвртина постигна само два поени во четвртата четвртина. Ова беше трет пораз по ред за Лејкерс, претенденти за место во плејофот. Од друга страна Сакраменто ја забележа 10-та победа во 40-тио меч од почетокот на сезоната.

Искусниот Демар Дерозан (6 аситенции) ги предводеше Кингс до неочекувана победа со 32 поени без ниту еден шут од три поени (14/19 од поле и 4/5 од поле). Го следеше Малик Монк со 26 поени и осум асистенции, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 22 поени, пет скока и седум асистенции.

Резултати:

Кливленд – Јута 112:123
/Гарланд 23 – Џорџ 32/

Индијана – Бостон 98:96
/Сијакам 21 – Причард 23/

Торонто – Филаделфија 102:115
/Квикли 18 – Мекси 33/

Далас – Бруклин 113:105
/Флег 27 – Портер Џуниор 28/

Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109
/Ленард 34, Харден 32 – Бол 25/

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ3 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет3 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет3 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет3 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет3 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија14 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ18 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија20 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија21 час

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура22 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија23 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија23 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....