Спорт
Ацо Петровиќ „крена раце“, Цибона ќе престане да постои?
Поранешниот тренер и кошаркар на Цибона, Ацо Петровиќ вели дека се откажува од обидот да го спаси славниот загрепски клуб, заблагодарувајќи се на тие кои донирале средства.
Петровиќ, братот на легендарниот Дражен Петровиќ, формираше групација „Ние сме Цибона“ (МСЦ), во обид да собере средства и да го спаси клубот, но вели дека од неговиот проект нема ништо, откако Цибона ги ослободи сите кошаркари од своите договори поради долгот од 5 милиони евра.
„Бидејќи Цибона и понатаму оди по ист пат, акцијата за спас на клубот МСЦ ги престанува своите активности и се заблагодарува на сите кои донирале пари. Тој ќе биде вратен до крајот на месецот“, напиша Петровиќ.
Потоа во интервју за хрватски „Индекс“ тој ја објасни ситуацијата, со планот клубот да се претвори во акционерско друштво, а доверителите да станат акционери.
„Двете страни ги искажаа своите позиции, кои се спротивни. Тие одат по истиот пат, а јас не добив дозвола уплатените пари да ги префрлам на здружението на граѓани“, додава Петровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Модриќ: Фудбалот понекогаш е суров
Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ во солзи го дочека крајот на натпреварот против Италија (1:1). Закањи во 98.минута изедначи и ја однесе Италија во осминафиналето, додека Хрватите се пред елиминција од ЕП.
„Не знам што да ви кажам. Фудбалот понекогаш е суров. Што е, е тука. Не заслуживме да примиме ваков гол. Не знам каде судијата најде осум минути за надоплнување. Ако мора да паднеш, треба да паднеш како ние денес Не е утеха, но фудбалот е суров“, низ солзи изјави Модриќ.
„Жал ни е што не победивме за пласман во вториот круг. Теоретски можеме да поминеме, но работите никогаш не ни се поклопиле. Минатиот натпревар во 95. минута, сега во 98. минута… Се покажа дека фудбалот е суров, ќе видиме дали е време да се збогуваме, сега не е време за тие приказни“, изјави Мориќ за ХРТ.
Спорт
(Видео) Кикс на Бразил, победа на Колумбија
Бразил, еден од фаворитите на Копа Америка, потфрли во првиот натпревар. Бразилците одиграа 0:0 против Костарика. Во вториот меч во групата Д, Колумбија го победи Парагвај со 2:1.
Бразилците предводени од Рафиња, Родриго и Винисиус Жуниор во шпицот беа нервозни и деконцентрирани, крајниот резултат е показател на таквата игра.
Маркињос постигна гол за Бразил, но тој беше поништен поради минимален офсајд. По мечот, Костариканците славеа како да победиле, како самите да не очекуваат дека ќе останат непоразени.
Колумбија го победи Парагвај со 2:1 (2:0) и со тоа го зазеде лидерското место во групата.
Блескаа фудбалерите на Кристал Палас, стрелци на двата гола за Колумбија.
Даниел Муњоз ја доведе Колумбија во водство во 32. минута, а пред крајот на првото полувреме за 2:0 погоди Џеферсон Лерма.
Во продолжение Парагвај во 69. минута преку Хулио Енсисо само успеа да го ублажи поразот за конечни 2:1.
Спорт
(Видео) Закањи во 98.минута ја шокира Хрватска, Шпанија пресилна за Албанија
Актуелниот европски првак Италија на нестварен начин избори место во осминафиналето на Европското првенство. Италија извлече реми 1:1 против Хрватска со голот на Закањи во 98.минута. Хрватска е елиминирана од ЕУРО 2024, исто како и Албанија која загуби од Шпанија 0:1.
Закањи е херојот на Италија, во 98.минута акцијата на Калафиори ја заврши со брилијантен гол.
Претходно Хрватска поведе со голот на Модриќ во 55.минута. Капитенот на Хрватска влезе во историјата на ЕП, со 38 години и 239 дена стана најстар стрелец. Една минута претходно Донарума му одбрани пенал на Модриќ.
Шпанија и со „втората“ постава немаше проблеми со Албанија. Едеен гол го реши победникот. Стрелец беше Феран Торес во 13.минута.
Шпанија ја освои Б групата со три победи, Италија е втора со четири, Хрватска освои два, а Албанија еден бод.