Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ за едно гоштевање платил 17 илјади денари, скоро една плата со која некое семејство живее цел месец
„Бојан Маричиќ министерот на заевизмот само за едно гоштевање платил 17 илјади денари, народни пари. Тоа е една месечна плата со која преживува едно македонско семејство цел еден месец. Тоа говори за лицемерието и раскалашеноста на власта. Бараат од граѓаните да го стегаат ременот, а тие ги јадат народните пари.
Како што беше информирана јавноста, за една година Маричиќ потрошил над 313 илјади денари за ручеци. Било јадено пастрмки, бифтеци, шницли, јунешки мускул во сос, па се залевало со жестоки појалоци, мастики, узо, сортни вина итн се во реномирани и ексклузивни ресторани.
Кога половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари дневно, гоштевањата на Маричиќ се бесрамни.
Но ова не е се. Маричиќ за една година со народни пари платил, или ако сакате испил, 43 илјади кафиња од кафулето во сопственост на лице блиско на Зоран Заев. Ова е само потврда дека власта на СДСМ троши безмилосно, додека народот гладува и едвај врзува крај со крај“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно, во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.
Македонија
Без вода, делови од Општина Ѓорче Петров
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект од Ф-400мм на ул.1670 во Ново Село, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул.Лука Геров, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани Општина Ѓорче Петров.
Македонија
(Видео) Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во Крушевско
Денеска, два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река.
„По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, соопшти МВР..