Спорт
Волкановски го поддржа Кирјос: Сакам да гледам како Австралијците тепаат!
УФЦ шампионот Александер Волкановски му даде поддршка на својот австралиски сонародник, Ник Кирјос пред неговото прво финале на Вимблдон и откако самиот Кирјос изјави дека е разочаран што нема поддршка од најголемите австралиски спортисти.
Во петокот, 27-годишниот Кирјос изјави дека е разочаран што екстенисерите како Пет Кеш и Марк Филипусис не сакаат да го поддржат на Ол Ингланд клубот, откако Кеш изјави дека однесувањето на Кирјос е „засрамувачко“ за Австралија. Кирјос го издвои само капитенот на Дејвис куп репрезентацијата, Лејтон Хјуит, како човек кој секогаш го поддржувал.
Но, УФЦ суперѕвездата Волкановски, кој минатиот викенд ја одбрани титулата во перо категорија против Макс Холовеј, се јави преку Инстаграм.
„Сакам да гледам како Австралијците тепаат на светска сена! Ајде, Ник, ние сме тука зад тебе“, напиша Волкановски на Инстаграм.
Секако, за одбележување и тоа што Волкановски има македонско потекло, додека Кирјос, секако, има грчко потекло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

