Спорт
Фабрегас пред трансфер во Лас Палмас

Шпанскиот играч за врска Сеск Фабрегас би можел да го засили тимот на Лас Палмас, пренесува „Кадена Сер“.Фабрегас е слободен играч откако му заврши договорот со Монако.
Фабрегас има опција кариерата да ја продолжи во МЛС лигата, а наводно имал понуда и од Сампдорија. Сепак најверојатно ќе ја прифати понудата од Лас палмас и по осум години ќе се врати во татковината.
Прашање е само дали во 35-година од животот ќе прифати да игра во втората шпанска лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рашфорд сака да остане во Барселона

Маркус Рашфорд беше човекот на одлука во првиот натпревар на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите.
Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена.
Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на позајмица во Барселона, но би сакал да остане таму.
Познато е дека Рашфорд не се раздели со Аморим и раководството на најдобар начин. Прво беше испратен на позајмица во Астон Вила, сега во Барселона, бидејќи повеќе не сметаат на него на „Олд Трафорд“. Сепак, има еден проблем.
Барселона сè уште има големи финансиски проблеми и големото прашање е дали ќе можат да си дозволат да го откупат договорот на Рашфорд, се разбира, ако одлучат да го откупат.
Спорт
(Видео) Атлетико се самоуништи во Мајорка, „јорганџиите“ ја продолжија лошата серија

Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во петтото коло, во Ла Лига. Двата тима имаа лош старт на сезоната, мајорка се уште е без победа, додека Атлетико само еднаш победи во првите пет рунди.
Атлетико се самоуништи на „Сан Моиш“. Доминираа „јорганџиите“ во најголемиот дел од натпреварот, имаа посед 80-20, но не успеаја да го совладаат Лео Роман.
Во првите 14 минути, Бариос ја погоди стативата, а потоа Роман му одбрани пенал на Хулијан Алварез. До крајот на полувремето добра шанса пропушти и Симеоне.
Во вториот дел уште една брилијантна одбрана на Роман против Хулијан Алварез, а потоа шок за гостите. Александер Сорлот во 72.минута, по интервенциј од ВАр собара доби црвен картон.
Сепак со играч помалку Атлетико постигна гол, по акцијата на Љоренте, Роман ја одби топката, на која налета Галагер и од 14 метри го погоди голот.
Радоста на „јорганџиите“ страеше само шест минути, кога Муричи, одлично скокна по центрашутот на Виргили и го изедначи резултатот.
Спорт
(Видео) Доминација на Ферстапен во Баку, подиум за Вилијамс и ужасна грешка на Пјастри

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Актуелниот шампион ја забележа четвртата победа сезонава, 67-ма во кариерата. Холанѓанецот забележа Ф1 Гренд слем, ја освои пол-позицијата, водеше во тркатата од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката.
Трката на патеката во Баку, ја обележаа и Оскар Пајстри, Карлос Саниц и Џорџ Расел.
Пјастри, лидерот во генералниот пласман, имаше кошмар на стартот. Неговиот болид не стартуваше, тој наздуваше на последната позиција, а птоа во првиот круг се заби во заштитната бариера и ја заврши трката.
#F1 | Así fue el accidente de Oscar Piastri#AzerbaidjanGP #Formula1 pic.twitter.com/gRbES24Bne
— Mica Cortés (@micacortes_) September 21, 2025
Карлос Саинц, стартуваше втор тркатат ја заврши на третото место. Ова е него прв пласман на подиумот со Вилијамс. Воедно ова е прв подиоу за Вилијамс уште од 2021 година, кога Џорџ Расел беше втор во Спа Франкошамп.
Расел, со својот Мерцедес тркатата ја започна од петтата позиција, на крајот со одлично возење и добра тимска стратегија заврши втор.
Зад најдобрите тројца трката ја завршија Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Јуки Цунода (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), возачите на Ферари: Луис Хамилтон и Шарл Леклер, односно Исак Хаџар (Рејсинг Булс).
По трката во Баку, Верстапен ја намали предноста во однос на возачите на Мекларен, има 44 поени помалку од Ландо Норис и 69 од Пјастри.
Следната трка се вози во Сингапур.
Фото/ Принтскрин