Спорт
Лилард: Џордан е Г.О.А.Т
Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард изјави дека за него Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња.
Лилард нема дилема и смета дека не треба да се води голема дебата околу ова прашање.
„Мојот НБА „ГОАТ“ е Мајкл Џордан. Сосема е поинаку кога зборуваш за него. Никогаш не постоел некој како него. Никој не ја креваше толпата на нозе како него. „Ер Џордан патики“… Тоа е Џордан. Мислам дека нема голема дебата околу тоа кој е најдобар на сите времиња, за мене тоа е Џордан“, рече Лилард.
Тој му се го коментираше и Леброн Џејмс, мисли дека може да влезе во тој разговор, но рече дека за повеќето луѓе Џордан е сепак најдобар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Павловиќ и Мењан за триумф на Милан над Рома
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот.
Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата.
Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент.
Во финишот од натпреварот, во 82-та минута, Пауло Дибала не реализираше пенал. Мајк Мењан го одбрани неговиот удар.
Со оваа победа, Милан се изедначи на табелата со Рома и Интер. Овие три екипи имаат по 21 бод, еден помалку од лидерот Наполи.
Во следното коло, Милан ќе гостува кај Парма, додека Рома ќе го пречека Удинезе.
Foto/ EPA
Спорт
Гвардиола: Судиите десет години го ограбуваат Манчестер сити
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, беше многу лут по победата на неговиот тим против Борнмут со 3:1 во Премиер лигата.
Тренерот на „Граѓаните“ ги нападна судиите поради голот на Борнмут, кој според него беше постигнат по прекршок врз голманот Донарума.
„Неверојатно е што претставува гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум среќен со она што го постигнав досега во Сити“, рече Гвардиола.
Тој не застана тука со критиките кон судијата Ентони Тејлор.
„Му реков да ми објасни дали е прекршок или не. Не се удостои да ми одговори. Сите тука на „Етихад“ се храбри, многу храбри. Знам дека во минатото познати тренери во минатото им се јавувале. Јас не, а ниту тие ќе ме повикаат. Знам точно што можам да очекувам на стадионот“, заклучи Гвардиола.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA

