Спорт
И Наполи ќе се трка за потписот на Дибала
Наместо брзо и едноставно решение, трансферот на Паоло Дибала полека се претвора во „шпанска серија“. Аргентинецот е слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус. Се чинеше дека тој ќе се пресели во Интер, но се уште нема напредок во преговорите. Поради тоа се појави други клубови кои би сакале да го донесат Дибала.
Прво, интерес покажа Милан, потоа Монца, Манчестер јунајтед го обнови интересот, а во трката, како што тврдат медиумите во Италија се вклучил и Наполи.
Наполи веќе остана без Лоренцо Инсиње, клубот ќе го напушти и ветеранот Дрис Мертенс, а доколку стигне понуда од 100 милиони евра Наполи ќе го продаде Виктор Осимен. Во едно такво сценарио, клубот би имал доволно пари да ги исполни финансиските барања на Дибала.
Фудбалерот бара годишна плата од седум милиони евра, плус одредени бонуси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.
Спорт
На тренерот на Будуќност му се заканиле со киднапирање на ќерката: Ќе ја фрлиме во река
Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.
Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентото што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…
Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.
Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, но без сомнение Брновиќ и целото семејство се во во страв.
Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот, наречена „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.
Спорт
Куртоа се враќа, но нема да брани во Лигата на шампионите
Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Реал игра против Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за „кралскиот клуб“ оваа сезона.
Анчелоти изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите.
Андриј Лунин е првиот избор на тренрот во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра полуфиналниот реванш против Баерн.
Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го користи Куртоа кој штотуку се врати по тешката повреда.
На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, Анчелоти одговори: „Не знам“.