Свет
Кина повеќе нема да биде најнаселената земја во светот
Населението на светот на 15 ноември ќе достигне осум милијарди луѓе, според економската и социјалната проекција на ОН објавена денеска.
Исто така, се предвидува дека во 2023 година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.
„Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот жител на Земјата… тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и да одвоиме момент да размислиме за точките каде што сè уште не ги почитуваме обврските што ги имаме преземени еден кон друг“, се вели во изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ова, додаде тој, е исто така можност да ја славиме нашата различност, да ја препознаеме нашата заедничка човечност и да се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и значително ја намали стапката на смртност на мајките и децата.
Според прогнозата на одделот на ОН, светската популација расте побавно отколку во 1950 година.
Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, со врв од речиси 10,4 милијарди луѓе во 2080 година, кога се очекува да остане на тоа ниво до 2100 година.
Иако е забележан јасен пад на плодноста во неколку развиени земји, повеќе од половина од очекуваниот пораст на населението во наредните децении ќе биде концентриран во осум земји – Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија, наведуваат од Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

