Македонија
ЈСП воведе две дополнителни редовни автобуски линии
Советот на Град Скопје денеска ја донесе одлуката за изменување и дополнување на одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.
Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај „Сити мол“) до Жданец, а ќе се движи по улицата Жданец, улицата Трнодол, улицата Козле, булеварот 8 Септември, булеварот Партизански одреди и Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.
Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по улицата 1646, улицата Благоја Стефковски, булеварот Александар Македонски, булеварот Крсте Петков Мисирков, булеварот Гоце Делчев, улицата Филип Втори Македонски, улицата Димитрие Чуповски, булеварот Св. Климент Охридски и булеварот Мајка Тереза и обратно.
Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50, со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.
Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а тие врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

