Македонија
(Видео) Митрески: Сѐ што Собранието ќе го донесе како заклучок ќе биде задолжение за Владата
„Колегите пред мене дискутираа за нешто што во јавноста се создава како фама, а е дел од политичкиот фолклор, прво дека нешто недостига во информацијата и да се стори впечаток дека нешто се крие во јавноста и дека нешто требало да се протурка на мала врата, што не е точно и не е вистина, сè она што е доставено од Владата до Собранието и доставено до сите пратеници денес на координација кај претседателот Џафери, каде што присуствуваа и владини претставници, договоривме дека дополнувањето на материјалите што се јавно достапни ќе бидат доставени до пратениците во текот на денот или утрешниот ден“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
Тој напомена „вие бевте сведоци и на средбата во Клубот на пратениците и таму разговаравме 3-4 часа, ако овие материјали не биле достапни што сме правеле, тогаш врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор. Меѓутоа, еве да го разбиеме и тој аргумент и тие материјали ќе бидат дополнително доставени“.
„Бидејќи добивам многу прашања дали ќе има понатамошни средби во однос на заклучоците, знаете и сами дека таа средба беше за да донесеме заклучоци по дискусијата за ифнормацијата и фактички тие заклучоци се предмет на гласање и за овие заклучоци пратениците се изјаснуваат, и од друга страна, имавме предлози за промена во преговарачката рамка за што не е возможно, неможеме ние да побараме од Владата да прави промени во преговарачката рамка што ја доставува ЕУ. По таа логика, ние треба да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка“, вели Митрески на прес-конференција.
Во однос н тоа дали ќе се одржат нови средби, ја повикувам опозицијата да разговараме во однос на тоа дали ќе се усвојат предлог-заклучоците.
„Со овие предлог -заклучоци ќе ги разбиеме сите дилеми во јавноста за македонскиот јазик, за историјата и билатералните прашања за образованието и за посебноста на македонскиот народ, посебноста со сите нејзини елементи за идентитетот. Сè она што ќе го донесеме како заклучок, тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот што следува. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес што не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес што ќе трае во следните години, неколку години“, рече Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

