Забава
ТМЗ: Ар Кели е свршен со една од своите жртви
Пејачот Роберт Aр Кели наводно е свршен со една од своите жртви.
Џојслин Севиџ го откри очигледното партнерство во писмо до судијката Ен Донели неколку моменти пред Кели (55) да биде осуден на 30 години затвор поради тешки сексуални кривични дела – водење шема за регрутирање жени и малолетни деца за секс. Кели беше прогласен за виновен по сите точки на обвинението, меѓу кои и сексуално искористување малолетници, киднапирање и поткуп.
Во допис до судијата, а кој ТМЗ го објави во понеделникот, стои: „Моето име е Џојслин Севиџ, јас сум свршеница на Роберт Кели“.
„Го пишувам ова писмо како поддршка на Роберт пред неговата пресуда за да можам да му објаснам на судот дека не сум жртва како што ме претстави владата“.
„Врската со Роберт е неверојатна и ние сме длабоко вљубени“.
„Сè уште го поддржувам Роберт до ден-денес бидејќи го сакам и секогаш ќе бидам тука да го поддржувам. Роберт не е чудовиште како што го опиша владата. Роберт што го познавам е многу сладок, нежен и љубезен. На крајот на денот, тој секогаш се грижеше за мене, како и за сите други жени со кои бил.
„Тој е голем човек, со големо срце и заслужува да биде дома со своите сакани, кои се подготвени да го поддржат“, се наведува во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

