Свет
Претседателот на Шри Ланка се обидел да побегне од земјата, но бил спречен на аеродромот
Претседателот на Шри Ланка е заглавен во својата земја во понижувачки судир со имиграциониот персонал на аеродромот кој го спречи да отпатува на безбедно во странство, изјавиле официјални извори. Готабаја Раџапакса вети дека ќе поднесе оставка во средата и ќе го отвори патот за мирен трансфер на власта по големите протести против него поради економската криза во земјата, се наведува во извештаите на медиумите од светот.
Претседателот (73) ја напушти својата официјална резиденција непосредно пред десетици илјади демонстранти да упаднат во резиденцијата и да се обиде да отпатува во Дубаи, соопштиле официјални лица. Според нив, Раџапакса има имунитет и не може да биде уапсен како претседател и се верува дека сака да замине во странство пред да поднесе оставка за да ја избегне можноста за апсење.
Опишувајќи ја ситуацијата на терен, во новинарските извештаи е наведено дека службениците за имиграција не сакале да одат во ВИП-салонот и таму да му стават печат на пасошот, а Раџапакса рекол дека нема да оди на шалтер бидејќи се плаши од одмазда од другите корисници на аеродромот. Претседателот и неговата сопруга ја поминале ноќта во воена база во близина на главниот меѓународен аеродром откога пропуштиле четири лета што можеле да ги однесат до Обединетите Арапски Емирати.
Најмладиот брат на претседателот, кој поднесе оставка во април како министер за финансии, го пропуштил летот за Дубаи рано во вторникот по сличен отпор од персоналот на аеродромот. Тој се обидел да ја користи платената услуга за деловни патници, но персоналот на аеродромот и персоналот за имиграција кажале дека се повлекуваат од лентата за брза услуга.
„Беше тензична ситуација, па набрзина го напушти аеродромот. Имаше некои други патници што се спротивставија да се качи на нивниот лет“, изјави претставник на аеродромот за АФП.
„Тоа беше тензична ситуација, па тој набрзина го напушти аеродромот“, додал тој.
Канцеларијата на претседателот не објави ажурирани информации за тоа каде се наоѓа претседателот, но Раџапакса останува врховен командант на вооружените сили со воени ресурси на располагање, според агенциите.
Сè уште му е отворена опцијата да отплови до Индија или Малдиви со брод на морнарицата, изјавил извор од секторот за одбрана.
Според извештаите, Шри Ланка не го исполни својот надворешен долг од 51 милијарда долари во април и преговара со ММФ за можна финансиска помош. Островот речиси ги исцрпи своите и онака мали резерви на бензин. Владата нареди затворање на несуштинските канцеларии и училишта за да се намали патувањето и да се заштеди гориво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

