Македонија
Грковска – Фратини: Поддршката во антикорупциските политики и јавните набавки е од големо значење
Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Рим имаше средба со претседателот на државниот совет на Италија, Франко Фратини, со кого разговара за можностите за соработка во областа на антикорупциските политики, но и во унапредувањето на регулативата за јавните набавки.
Вицепремиерката Грковска изрази голема благодарност до претседателот Фратини за поддршката што Италија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, но и за експертската поддршка во одделни подрачја, кои се од исклучително значење за прогресот на нашата држава.
Претседателот Фратини ѝ честита на вицепремиерката Грковска за прогресот што Северна Македонија го има постигнато во однос на реформите и воспоставувањето одржлив систем. Тој нагласи дека за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства мора да има јасна и прецизна регулатива, во која сите елементи ќе бидат насочени кон апсолутен интегритет и превенција на корупцијата. Тој додаде дека е важно граѓаните да видат дека правдата функционира и дека таа мора да биде брза и ефикасна.
Грковска образложи дека таа се залага за трајни и одржливи решенија, кои нема да бидат популистички, туку решенија што ќе даваат долгорочни резултати.
„Свесна сум дека тоа не може да се случи преку ноќ и затоа сум задоволна што со повеќе надлежни институции во Италија имаме тесна и плодна соработка“, нагласи Грковска.
Фратини додаде дека Државниот совет на Италија и кабинетот на вицепремиерката Грковска заеднички треба да ги детектираат областите во кои на Северна Македонија иѝтреба стручна поддршка за потоа да ги детерминираат областите на соработка.
Во рамките на посетата на Државниот совет на Италија, Грковска имаше средба и со Диего Сабатино, претседател на секторот за јавни набавки.
На состанокот двајцата соговорници разговараа за начинот на кој може да се унапреди регулативата за јавните набавки со цел да се изгради ефикасен систем за спречување на можните манипулации и злоупотреби во јавните набавки и трошењето на јавните пари.
Грковска истакна дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во делот на транспарентноста на трошењето на јавните средства, но и во однос на прецизирање на постапките, но сè уште постои простор за унапредување на системот.
Сабатини нагласи дека посетата на вицепремиерката на Државниот совет се случува во вистински момент, односно кога стручните тимови работат на унапредување на кодексот за јавни набавки на Италија, со цел тој да биде усогласен со директивите на Европската Унија, од една страна, но и да се создаде кодекс што ќе биде отпорен на сите потенцијални проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

