Забава
Тројца обвинети дека украле рачно напишани стихови од хитови на „Иглс“ и сакале да ги продаваат на аукција
Против тројца мажи е поведено обвинение за поседување и заговор за продажба на украдени рачно напишани стихови и ноти на Дон Хенли за големиот хит на „Иглс“ од 1976 година, „Хотел Калифорнија“.
Глен Хоровиц (66), Крег Инсијарди (58) и Едвард Косински (59) во вторникот беа обвинети дека се обиделе да продадат материјал во вредност од над 1 милион долари и дека ги лажеле аукциските куќи, потенцијалните купувачи и органите за спроведување на законот за тоа како ги набавиле.
Окружниот обвинител на Менхетн, Алвин Брег, тврди дека материјалите вклучуваат стихови на песните Hotel California, Life in the Fast Lane и New Kid In Town и дека многу од текстовите биле пронајдени со судски налог.
Тројцата се изјаснија дека не се виновни за обвиненијата за заговор и криминално поседување, а Хоровиц за попречување на кривичното гонење.
Во заедничката изјава нивните адвокати тврдат: „Канцеларијата на Брег наведува криминал онаму каде што не постои и неправедно го нарушува угледот на почитуваните професионалци. Ние енергично ќе се бориме против овие неоправдани обвиненија. Овие луѓе се невини“.
Обвинителите наведуваат дека потенцијален биограф на „Иглс“ ги украл материјалите кон крајот на 70-тите и му ги продал на Хоровиц, трговец со ретки книги, во 2005 година.
Потоа, Хоровиц, наводно, ги продал материјалите на Инсијарди и Косински, кои се обиделе да ги продадат во аукциските куќи „Кристи“ и „Сотби“ или да го принудат Хенли да ги откупи.
Обвинението содржи десетици имејлови за наводната шема на обвинетите, вклучително и сугестијата на Хоровиц да се преправа дека пејачот на „Иглс“, Глен Фреј, му ги дал украдените текстови.
Рок-класикот „Хотел Калифорнија“ е насловната нумера на истоимениот албум на „Иглс“ од 1976 година. Песната е позната по апстрактната лирика за која Хенли рече дека ја опишува американската ексцесија, а и по долгата гитарска завршница на Дон Фелдер и Џо Волш. Во 1977 година освои „Греми“ за плоча на годината.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

