Македонија
Алијансата за Албанците: ДУИ за партиски и семејни кланови ги уништува образованието на албански јазик и целиот систем
Синоќа, целaта локална и регионалнa јавност преку емисијата „Стоп“ во Албанија виде како ДУИ за интереси на партиски и семејни кланови ги уништува образованието на албански јазик и целиот систем, реагираат од Алијансата за Албанците.
„Во Основното училиште ’26 Јули’ во Шуто Оризаре на незаконски начин министерот за образование Јетон Шаќири го именува Дритон Ганиу, братот на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за директор во вториот мандат, иако тој не го поседува потребното уверение за директор. Потоа истиот тој ја злоупотребува партиската поддршка за да направи многу други прекршувања и неправилности. Во овој случај сакаме да истакнеме неколку кривични дела направени од самиот директор и од министерот за образование и наука“, се посочува во соопштението од оваа партија.
Министерот Јетон Шаќири, додаваат од таму, се вмешува во локалната власт и ги презема ингеренциите од Општината без правна основа.
„Министерот без право се инволвира во училиштето и назначува директор што не ги исполнува условите, а го разрешува директорот назначен од Општината. Ова е брутално инволвирање и мешање на извршната власт во образованието и локалната власт. Директорот на училиштето должностите и задачите ги врши спротивно на законот. За ова да не биде доволно, тој троши 90.000 евра на име на реновирањето и за него нема поднесено никаква фактура. Во видеото видовме и сцени од рацијата во училиштето. Поточно, по отпуштањето од Општината, директорот Ганиу и неговите луѓе ноќта влегле во училишната зграда и од училиштето ’26 Јули’ одзеле документи и други вредни предмети“, потенцираат од Алијансата за Албанците.
Ги повикуваат, како што велат, Министерството за внатрешни работи, Инспекторатот за образование, Финансиската полиција, Државната ревизија и Јавното обвинителство итно да извршат увид во сите случувања во овој случај и инволвираните лица да сносат кривична одговорност за секое прекршување.
„По овој скандал, министерот Јетон Шаќири веќе ниту еден ден не смее да остане на чело на Министерството за образование и наука, туку треба да одговара пред органите на правдата за злоупотреба на службената положба и сторените кривични дела. Бараме прошверцуваниот директор да биде отстранет од училиштето и на негово место да се врати директорот поставен од Општина Шуто Оризаре“, е истакнато во информацијата од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

