Македонија
МВР со апел: Ако ги препознаете насилниците, пријавете ги
МВР апелира до граѓаните, доколку кој било препознае некого од насилниците, како што се лицата од снимките, кои на 4.7.2022 фрлаа со тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени четворица полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.
Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во ничии сценарија и насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.
Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижности
Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности.
Во последните два месеци, бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности е намален за 85%. По назначувањето на новото раководство и по интерната реорганизација, бројката од 5600 нерешени предмети е сведена на само 980 предмети, од кои 300 се тековни и 680 се заостанати предмети.
„Соодветната организација во работењето, грижата за вработените, инвестирањето во човечки ресурси и материјални средства, го дава посакуваниот ефект. Кога дојдов во агенцијата, затекнав повеќе од 5000 нерешени предмети, таа бројка денес е намалена за повеќе од 80%, а без застој се решаваат и тековните предмети“, изјави директорот Живковски.
„Целта на агенцијата да биде вистински сервис на граѓаните, каде тие ќе добијат квалитетна услуга по нормални цени. Во таа насока покрај решавањето на заостанатите предмети, во тек е и процесот на дигитализација на услугите, кој се одвива според планираната динамика. Исто така, наскоро ќе биде спроведено и намалувањето на цените на услугите, што беше најавено минатиот месец. До крајот на годината, Агенцијата ќе презентира уште неколку важни проекти кои ќе овозможат полесен пристап на граѓаните и компаниите до услугите на катастарот“, велат од Агенцијата во нивното соопштение.
Македонија
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Македонија
Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Северна Македонија.
Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
По средбата со претседателот на Собранието предвидена е изјава за медиумите.
Македонија
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на релативно топло време. Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Во вторник и среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.