Спорт
Македонските кошаркарки ќе играат против Словенија во четврт-финалето на ЕП Б-дивизија
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години обезбеди пласман во четврт-финалето на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Кошаркарките најголем дел од работата завршија со триумфот (55:53) над Романија, а потоа Црна Гора го потврди нашиот пласман во четврт-финалето со убедливаат победа над Хрватска од 80-49.
Репрезентацијата на Словенија ќе биде ривалот на избраничките на Јелена Антиќ во четвртфиналната фаза, а натпреварот е закажан за утре со СЦ „Борис Трајковски“.
Двојки четврт-финале
15.јули (петок)
14.15: Турција – Германија
16.30: Израел – Грција
18.45: Словенија – МАКЕДОНИЈА
21.00: Црна Гора – Норвешка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн се уште заработува од трансферот на Левандовски
Баерн Минхен се уште заработува од трансферот на Роберт Левандовски. Полјакот летото 2022 година од Баерн се пресели во Барселона.
Барселона за Левандовски плати 45 милиони евра. Во договорот што го потпиша постои клаузула дека Баерн ќе добива бонус од 1,25 милиони евра за секоја сезона во која ќе постигне најмалку 25 голови.
Минатата сезона, кога Барселона ја освои Ла Лига, постигна 33, а оваа сезона против Рајо Ваљекано го постигна својот 25 гол и повторно донесе пари во касата на Баварците.
Левандовски има договор со Барса до 2026 година и потенцијално може преку бонусите да му донесе на Баерн вкупно пет милиони. Иако има интерес од Саудиска Арабија, Левандовски потврди дека останува во Барселона.
Спорт
Семејството Шумахер доби отштета за лажното интервју
Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби 200.000 евра отштета од издавачот на германски магазин Актуел, кој објави „интервју“ со легендарниот возач, направен со помош на вештачка интелигенција.
Уредникот на списанието беше отпуштен минатата година, а издавачот му се извини на семејството. На насловната страница на 15 април минатата година весникот објави фотографија од Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“.
Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени од вештачка интелигенција.
Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 доживеа тешка повреда на главата на скијање во декември 2013 година и оттогаш не е виден во јавноста.
Шест месеци беше во индуцирана кома, од која беше разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година беше пуштен на домашно лекување и оттогаш нема информации за неговата состојба.
За Шумахер се грижи сопругата Корина и медицинскиот персонал во нивниот дом на Женевското езеро.
Шумахер е еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 со седум титули (1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004), 91 победа и 155 пласмани на подиумот.
Семејството ја чува неговата приватност, па дури и многу пријатели и роднини не ја знаат неговата состојба.
Во документарецот емитуван на Нетфликс во 2021 година, Корина Шумахер рече дека оди на рехабилитација и сега е „поинаков, но е тука“.
Спорт
Пикси ќе ја предводи Србија до 2026 година
Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси го продолжи договорот до 2026 година.
Пикси стана селектор на Србија во 2021 година и ѝ донесе прв пат да учествува на две големи натпреварувања по ред (СП во Катар и ЕП во Германија).
Дополнително, тој постигна успеси во Лигата на нации со пласманот во А дивизијата, поради што ја доби довербата од раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) да ја продолжи својата работа и по Европското првенство во Германија.
„Зачувувањето на континуитетот во водењето на репрезентацијата е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат“, соопштија од ФСС.
Србија наскоро ќе ги започне подготвките за ЕП. Ќе одигра контролни натпревари против Австрија (4 јуни) и Шведска (8 јуни).
Србија на ЕУРО 2024 е во групата Ц со Англија (16 јуни, Гелзенкирхен), Словенија (20, Минхен) и Данска (25, Минхен).