Контакт

Македонија

(Видео) Митрески: СДСМ и мнозинството со предлог-заклучоци за заштита на јазикот и идентитетот

Објавено пред

Водејќи се од врвните национални и државни интереси, стратешката определба зе членство во ЕУ со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност, пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство, предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетските, културните и историските посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ, истакна на денешната прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

dobivaj vesti na viber

„Се задолжува Владата на Република Северна Македонија, преку државната делегација за преговори со ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи и експертскиот преговарачки тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ, како и во целосна согласност на резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија на 29 јули 2021 година.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија: А. Во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата при склучувањето какви било договори, спогодби и документи со Европската Унија, кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик, без какви било објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата во текот на преговорите за пристапување сè до нивното завршување со склучување договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка. Со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ, без какви било објаснувања, додавки или фусноти.

Б. Се задолжува Владата билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи, кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија.

В. Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Г. За одржувањето на првата меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори и скрининг-процесот и следната меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, во согласност со предлогот на француското претседателство со ЕУ, да се донесат одлуки веднаш за тие да не зависат од донесувањето дополнителни одлуки од страна на земјите членки.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија горенаведените заклучоци да ги вгради во отворачката изјава на Република Северна Македонија на првата меѓувладина конференција со Европската Унија.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија редовно и континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за текот на пристапните преговори, вклучително и процесот на скрининг како прва отворачка фаза на пристапните преговори, како и за одвивањето на меѓувладините конференции за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ“, посочи Митрески појаснувајќи ги предлог-заклучоците.

Истакна дека е време за одлука.

„Преку усвојување на заклучоците, кои ќе бидат задолжителни за сегашната, но и за секоја идна влада, да се обезбеди европскиот пат на земјата со безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ за кои во ниту еден момент не се преговара и никој никогаш не може и не смее да преговара“, нагласи Митрески.

Побара сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес во работата на Собранието, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на РСМ во ЕУ, да ја задолжи Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел, како што рече, да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои преговарачката рамка со вградени европски принципи и стандарди, како и Копенхашките критериуми за членство во согласност со спецификите и постигнатите резултати.

Македонија

Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации

Објавено пред

Од

Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Пелагониски регион

Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.

Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.

Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.

Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.

Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.

Југозападен регион

Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.

Скопски регион

Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.

Полошки регион

Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.

Источен регион

Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.

Кратово

Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.

Југоисточен регион

Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.

Североисточен регион

Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.

Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

Објавено пред

Од

ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро.  Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија14 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија15 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ17 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет18 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија19 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија19 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ20 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа20 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет20 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет22 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет22 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа22 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија23 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија23 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија2 дена

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија2 дена

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...