Македонија
(Видео) Фон дер Лаен: Вашето место е во ЕУ, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, побара да се прифати францускиот предлог. Таа ги убедуваше пратениците дека местото на Македонија ѝ е во Европската Унија, дека со францускиот предлог не се задира во идентитеските прашања, а јазикот е македонски без фусноти. Таа посочи дека го разбира револтот што го има кај некои од пратениците бидејќи Македонија не ги почна преговорите по договорот со Грција, но го поздравува тоа што државата не се откажала од оваа цел.
„Пратеници, многумина од вас ќе бидат разбирливо фрустрирани што вашата држава сè уште не ги почнала пристапните преговори. И да ви кажам, и јас сум. Комисијата препорачува отворање на преговорите во последните 13 години. И, се разбира, ќе бидете фрустирани што отворањето на преговорите со ЕУ не се случи веднаш по договорот од Преспа. Ова беше горчливо. Но, никогаш не се откажавте, а и ние заедно никогаш не се откажавме. Заедно го следевме нашиот сон за една ЕУ. Заедно ќе го претвориме овој сон во реалност. Сите мора да го свртиме погледот напред, мора да ја искористиме можноста што е пред нас и да ги почнеме пристапните преговори, да работиме на патот што ве води во ЕУ. Тоа може да го направиме веќе следната недела, следната седмица, со преземање на првиот чекор од ревидираниот француски предлог. Сите сте свесни и запознаени со овој ревидиран предлог. Ги зема предвид грижите на сите страни. Бидете уверени дека Комисијата секогаш била покрај оваа држава, на ваша страна, продолжува да го прави тоа, да стои на ваша страна, да стои таму, како утре, така и задутре. Убедени сме дека ова е од историско значење. Но, одлуката е ваша и само ваша. На крајот на краиштата, станува збор за патот што вие го избравте, како што го избравте и претходно со Охридскиот рамоквен договор градењето на демократијата. Доколку го одобрите ревидираниот француски предлог, доколку го прифатите францускиот предлог, ќе го преземеме првиот чекор во преговарачкиот процес. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Предлогот го прифаќа и вашиот национален идентитет. Можете да сметате на мене како претседател на ЕК дека ќе се осигурам оти процесот на пристапување ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Идентитеските прашања не се дел од пристапните преговори“, посочи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
Според неа, ако се прифати францускиот предлог, кој ги штител македонските интереси, веднаш ќе се почне со скрининг-процесот.
„Сакав да бидам овде за да ви се обратам директно, за од мене да слушнете како Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште еден чекор кон нашата Унија. Вашата држава е кандидат да стане членка на ЕУ од 2005 година. Многу од вас овде и многу други што се отсутни – работевте напорно за да станете членка на ЕУ. Четири години подоцна, во 2009 година, ЕК препорача да ги отвориме пристапните преговори со вас. Од тогаш постојано сме покрај вас. И, сега, конечно, би можеле да бидеме на прагот на еден одлучувачки чекор напред. Овде сум денеска бидејќи верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина. Кон нашата заедничка иднина, во ЕУ, со Северна Македонија како полнопоравна членка. Повторно покажавте смелост, покажавте и решителност. Договорат од Преспа беше пример за храброст, две земји што се согласија да одат напред. Ова ви го отвори патот кон членството на НАТО. По повеќе од две години, Северна Македонија покажа дека е партнер од доверба, која обезбедува безбедност за алијансата. Јас знам дека истото ова ќе се случи кога вие ќе станете членка на ЕУ. Го знам ова бидејќи покажавте витален капацитет да го промените вашето општество кон подобро. Вашите напори за борбата против корупцијата се за пофалба. Воспоставивте силно досие за човековите права, имате слободни медиуми, имате енергично граѓанско општество, вие сте успешен модел за мултиетничко општество, кои со охридскиот Рамковен договор го избравте патот на мирот наместо конфликт“, посочи Фон дер Лаен.
Таа повика да се размисли пред да се донесе одлука. Ги посочи придобивките и потсети дека во светот има војна и пандемија.
„Некои велат дека е подобро нов договор отколку овој на Франција. Ваше право е тоа. Но, размислете колку се обидувавме да дојдеме до овде. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност. Со отворањето на оваа врата сега, Северна Македонија се зајакнува што ќе биде дел од преговарачкиот процес, ќе имате придобивки. Јас имам деца, некои имаат внуци и сите заедно сакаме едно нешто и споделуваме еден сон: еден ден да погледнеме назад и да кажеме дека сите наши деца и внуци се дел од исто европско семејство. Ова е иднината за која одлучувате овде, тука, денес, утре и во деновите што се пред вас. Пратеници, живееме во тешки времиња. Бидејќи пандемијата на Ковид-19 се протега во третата година, нејзините ефекти катастрофално влијаат, руската војна предизвика глобална криза во Украина, растат цените на енергентите. Се бориме со влошената климатска криза. Ова се предизвици со кои мора да се соочиме. Мора да ги совладаме. Вашата држава дорасна на задачата, стоите цврсто со Унијата, вие сте партнер од доверба, ви благодарам. Заслужувате да се движите напред. Сега е на вас да направите чекор“, посочи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

