Македонија
Нови 494 позитивни случаи на коронавирус, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.365 теста, а регистрирани се нови 494 случаи на Ковид-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 159, Куманово – 22, Битола -19, Кавадарци – 11, Велес и Струмица – по 8, Охрид, Тетово и Гостивар – по 7, Штип – 5, Прилеп – 4, Кочани и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Валандово, Демир Хисра и Дојран – по 2, Гевгелија, Неготино и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласностс со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.365 теста преку: ИЈЗ-235, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-48, Биотек-59, Систина-41, лабораторија Лаор-11, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-15, Генеа-7, Никоб лаб-72, ВФВ медикал-5, Ели медика плус-4, Ројал медика–0, Спектра-ММ-9, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 499.
Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.309
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 150.253, Активни 1.231
Куманово 16.946, Активни 116
Битола 16.041, Активни 152
Прилеп 14.381, Активни 82
Тетово 13.642, Активни 82
Кавадарци 10.874, Активни 77
Велес 9.966, Активни 87
Гостивар 9.695, Активни 43
Охрид 9.162, Активни 108
Штип 8.196, Активни 59
Струмица 8.171, Активни 43
Кичево 5.693, Активни 17
Кочани 5.169, Активни 35
Струга 4.769, Активни 20
Гевгелија 4.455, Активни 21
Неготино 3.741, Активни 21
Ресен 2.772, Активни 10
Свети Николе 2.650, Активни 7
Радовиш 2.555, Активни 19
Крива Паланка 2.438, Активни 16
Делчево 2.004, Активни 12
Берово 1.697, Активни 4
Дебар 1.686, Активни 2
Валандово 1.501, Активни 10
Виница 1.401, Активни 3
Пробиштип 1.283, Активни 9
Богданци 1.031, Активни 6
Кратово 979, Активни 9
Крушево 933, Активни 0
Демир Хисар 841, Активни 2
Македонски Брод 746, Активни 3
Демир Капија 596, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 356, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Црвениот крст денеска исплати средства на 156 повредени од пожарот во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани.
Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари.
Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.
Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари.
„Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Остануваме и понатаму посветени во мобилизирањето на хуманитарна помош која ќе биде во функција на поддршка за настраданите од големиот пожар.
Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан. Црвениот крст на РСМ наскоро отвара Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во градот Кочани кој со своите активности ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на Македонија“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.
Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ?
Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?
За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?
Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта, досега поднесени над 13 илјади пријави

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.
Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
„Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран.
Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето“, велат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.