Забава
Супер намалување на стилските парчиња во продавниците на Fashion Group!
Јули знае да биде посебен по многу работи, а дефинитивно една од нив се и сезонските намалувања што со себе секогаш носат толку многу шик парчиња.
Како и секоја летна сезона, така и оваа, Fashion Group и официјално ги стартува деновите на летните попусти во сите ваши омилени брендови. Вистинските обожаватели на брендовите на Fashion Group знаат дека токму ова намалување е она што не се пропушта, уживајќи во единствената прилика да ги набавите сите парчиња во кои секогаш сакавте да инвестирате.
Сезонското намалување овојпат се фокусира на сите клучни трендови за шик лето, но прави и добра подготовка за сите стилски есенски денови кои допрва доаѓаат.
Во неодоливо добрата понуда на брендовите на Fashion Group овојпат се истакнуваат некои од култните парчиња како кул Timberland маички и обувки, шармантни Mango фустани, впечатливи Guess чанти, лежерни Springfield модели, удобни Geox чевли, врвни Superdry дуксери и што уште не.
Токму овие намалувања се вистинско време да ја разгледате вашата гардероба и да ја надополните со сето она што ви недостасува само сега, по неодоливо ниски цени.
Најдобрите парчиња што можете да ги пронајдете на сезонското намалување се вистински класици, нешто во што секогаш вреди да се инвестира и нешто со што никогаш нема да погрешите.
Нешто што не смее да се пропушти е и намалувањето до -50% на колекцијата пролет-лето во продавниците на Bitsiani и Dan John каде секогаш се спремаме за убавите прилики пред нас. Кога сме кај убавите прилики, задолжително погледнете ја и понудата на омилениот бренд на сите стилски момци, Boss, каде овие денови може да си набавите парчиња на намалување од -35%.
Исклучително добро намалување до -50% на селектирани артикли ќе најдете и во омилениот козметички бренд на дамите, Kiko Milano, за совршено лето полно боја.
Секако, за уште поголемо уживање и шопинг дури и во движење, сите понуди и многу повеќе се достапни и онлајн, па доколку сè уште не сте ги погледнале, паузата од работа е совршен момент за тоа!
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како Меланија Трамп се менуваше низ годините
Meланија Трамп, родена Меланија Кнавс на 26 април 1970 година во Словенија, повторно е прва дама на САД.
Меланија пораснала во индустрискиот град Севница во тогашна Југославија и уште од млада возраст покажала интерес за уметноста и модата. Нејзиниот татко Виктор работел како продавач на автомобили, додека нејзината мајка Амалија работела во модната индустрија, изработувајќи детска облека.
Ова имаше пресудно влијание врз Меланија, која почна да се занимава со манекенство во тинејџерските години.
„Отсекогаш се восхитував на способноста на мајка ми да создава прекрасни фустани од обични парчиња ткаенина. Ме инспирираше да сакам и самата да бидам дел од модниот свет”, се присети таа еднаш во интервју за „Вог“.
Таа започна да се занимава со манекенство во Љубљана откако во 1992 година ја освои титулата прва придружничка на Мис Словенија.
Меланија студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана, но го напуштила колеџот за да се занимава со манекенство. До средината на 1990-тите, нејзината кариера доби меѓународни размери и се пресели во Милано и Париз, каде што работеше со големи модни куќи.
Во 1996 година, Меланија се пресели во Њујорк, што означи пресвртница во нејзиниот живот. Работејќи во САД, таа имаше можност да работи со престижни модни списанија, вклучувајќи ги „Вог“ и „Венити фер“. Но, клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запозна Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.
Доналд и Меланија се верија во 2004 година, а се венчаа во јануари 2005 година на церемонија во Палм Бич, Флорида.
По повод инаугурацијата на Доналд Трамп, „Индекс“ потсетува како Меланија се менуваше низ годините.
1987 година
2005 година
2007 година
2011 година
2015 година
2016 година
2017 година
2018 година
2019 година
2020 година
2021 година
2022 година
2023 година
2024 година
Забава
(Видео) Стилистот на Меланија Трамп: Модните дизајнери не сакаат да работат со неа, не им се допаѓа
Меланија Трамп за неколку часа и официјално ќе стане прва дама на САД вторпат. И додека многумина се прашуваат каква модна комбинација ќе носи на инаугурацијата, се чини дека повеќето дизајнери не се заинтересирани за соработка со Меланија.
Имено, нејзиниот стилист Ерве Пјер вели дека многу од најпознатите дизајнери не ја сакаат многу идната прва дама.
„Модната индустрија навистина не ја сака г-ѓа Трамп. Тоа не е тајна. Некои се многу отворени и би можеле да направат нешто посебно, но повеќето не се“, коментира Пјер за Women’s Wear Daily.
Тој тврди дека неодамна доживеал прилично непријатна ситуација во дизајнерски бутик на авенијата Медисон. Имено, тој рече дека јасно му ставиле до знаење дека не е добредојден во таа продавница за што Пјер вели дека не е изолиран случај.
Многумина сè уште се сеќаваат на нејзината облека од првата инаугурација на Трамп. Во тоа време таа носеше светлосин фустан на Ралф Лорен со соодветни ракавици. Таа беше впечатлива и на денот на претседателските избори кога носеше две комбинации на Диор – дојде да гласа во црно-бел фустан со точки, а за време на победничкиот говор носеше сив костим на Диор.
По изборната победа на Трамп, голем број луѓе почнаа да го фалат нејзиниот моден израз на социјалните мрежи. „Барем ја добивме оваа дива во следните четири години“, „Таа е икона“, „Дивата од Балканот“, „Таа е единствената причина што сум донекаде во ред со оваа катастрофа“, „Таа е единствената добра работа што излезе од овие ситуации“, „Јас не сум обожавател на Трамп, но живеам за нејзините комбинации“, „Среќен сум што се врати“, напишаа на „Тик ток“.
Забава
Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на татко ѝ во фустан украсен со кристали
Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на својот татко, Доналд Трамп.
43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. „Дејли мејл“ пишува дека во еден момент ја прегрнала свршеницата на Безос, Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар дела Рента, украсен со многубројни кристали и бисери во облик на цвеќе.
На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп Помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј ди Венс, кој беше придружуван од сопругата.